Илјадници Унгарци на протест за слобода на медиумите
25 јули 2020„Индекс се залагаше за слобода на печатот и на идеите. Ниту еден друг медиум не може да ја исполни празнината што ќе ја остави“, вели Балинт Хонос. Младиот Унгарец беше еден од околу 10.000 лиѓе кои синоќа демонстрираа во Будимпешта против влијанието на владата врз најголемиот независен медиум на земјата.
Лука Јели е меѓу демонстрантите: „Прва работа што ја правам наутро е читање на Индекс“, вели таа. „Многу тажен поради ова што се случува тука“.
Протестниот марш се формираше во близина на редакцијата на на онлајн-порталот „Индекс“ (index.hu) . Оттаму, демонстрантите се префрлија пред официјалната резиденција на премиерот Виктор Орбан . Со спонтано аплаудирање тие искажуваа поддршка за работата на новинарите од индекс. Други извикуваа „Ние сме со вас“ и „Слободна земја, слободни медиуми“.
Повеќе од 80 вработени во „Индекс“ поднесоа оставки
Заднината на протестот е разрешувањето на главниот уредник Саболч Дул во средата (22 јули 2020 година). На крајот на јуни тој објави статија во која предупредува за растечкото влијание на претприемачите поврзани со владата врз редакцијата на „Индекс“. Во својот проштален говор во средата, Дул рече: „Индекс е тврдина што сакаат да ја уништат“.
Повеќе:
-Орбан го замолкнува и интернетот
-Нов удар на Орбан против неомилените медиуми
-Владата на Орбан ги задуши медиумите
По разрешувањето на Дул, уредничкиот тим на „Индекс“ застана зад нивниот главен уредник и побара негово враќање. Управата не го прифати тоа.
Повеќе од 80 вработени во „Индекс“ потоа поднесоа оставки во петокот попладне, вклучително и високи уредници и како и заменикот главен уредник Вероника Манк. Меѓутоа Манк објави дека сака да основа нов независен медиум со поранешниот уреднички тим на „Индекс“.
Долгогодишни обиди да се изврши политичко влијание
Со околу 1,5 милиони прегледи на ден - на население од речиси 10 милиони - онлајн-порталот „Индекс“ е далеку најчитаниот медиум во Унгарија. Затоа, владата на Орбан со години се обидува да влијае врз честопати критичкото известување на порталот за владините политики.
Пред три години, компанијата во чија сопственост е порталот ја презеде фирма блиска до партијата на Виктор Орбан, Фидес.
Меѓутоа, фондацијата за посредување требаше да продолжи да ја гарантира независноста на „Индекс“. Но, во март рекламниот бизнис беше ставен под директна контрола на сопствениците. Пред еден месец, сопствениците на фондацијата, менаџментот и редакцискиот тим побараа сајтот да известува понаклонето кон владата - што доведе до раскол со главниот уредник Дул и конечно со скоро целиот уреднички тим.
Преземањето на критички медиуми има традиција
Во изминатите десет години, владата на Орбан ги затвори буквално сите медиуми, кои беа критички настроени кон владата. Медиумските аналитичари проценуваат дека до 90 проценти од сите унгарски медиуми се под владина контрола.
Јавниот радиодифузен севис е под државна контрола уште од 2010 година. Повеќето приватни радио и телевизиски станици, како и речиси целиот локален печат во земјата се во рацете на претприемачи блиски до Фидес.