Интер и Бајерн пред можност за историски триумф
22 мај 2010„ Ќе ја освоиме уште титулата во Лигата на шампионите и тогаш тројната круна е перфектна. Тоа е секогаш целта кај навивачите на Бајерн.“ , вели овој самоуверен навивач на Бајерн Минхен по освојувањето на шампионската титула во Бундеслигата и германскиот Куп.
Во финалето во најпрестижното натпреварување во Европа двата тима пред очи ја имаат историската тројна круна. Тоа не му успеало досега ниту на еден тим како од Германија така и од Италија.
„ Тоа е финале на Лигата на шампионите каде се среќаваат две врвни екипи. Тоа ќе биде голем натпревар и ние ќе се обидеме да сториме се да го донесеме во Минхен пехарот со ’ големи уши’“, вели голманот на Бајерн Ханс Јерг Бут.
Колку ќе недостасува Рибери?
Бајерн во Мадрид ќе настапи со уигран тим но без една од најголемите ѕвезди:
„ Ние нема да цимолиме но со отсуството Франк Рибери на располагање нема да имаме без сомневање еден многу важен играч“, порача претседателот на управниот одбор на Бајерн, Карл Хајнц Румениге по одлуката на Меѓународниот суд за спорт КАС со која ја отфрли жалбата на Бајерн против суспензијата од три меча за Французинот.
Сепак тренерот Луис Ван Гал верува дека и без Рибери , бајерн има извонредна екипа. Тој во финалето се сретнува со стариот познаник Жозе Мурињо, кој му беше асистент кога тој ја тренираше Барселона:
„ Дали ќе можеме да ја совладаме тактичката организација на Жозе Мурињо и неговите играчи зависи од многу фактори, кои еден тренер не може да ги има под контрола“. предупреди Ван Гал, со оглед дека Интер од натпреварувањето ги исфрли големите фаворити, англискиот Челзи и бранителот на титулата Барселона.
Навивачите очекуваат тесен резултат
Холанѓанецот за финалето ќе се потпре на способностите на неговите сонародници, капитенот Марк ван Бомел и вонсерискиот напаѓач, Арјен Робен:
„Се’ е можно. Тоа е фудбал“ , изјави Робен пред множното освојување на тројната круна. А некои навивачи на Бајерн дури мислат дека го знаат и конечниот резултат:
„Ќе биде тесен резултат, но се надевамм на 2:1. Мислам дека Бајерн треба да игра како во последните натпревари. Тогаш се’ ќе се погоди“
Автор: Арнулф Бечер/ Симе Недевски
Редактор: Борис Георгиевски